Професорскиот пленум (ПП) реагира на изјавата на поранешниот претседател на СОНК и сегашен активист од ГДОМ, Дојчин Цветановски, дадена за МТВ. Во реакцијата, ПП го потсетува Цветановски дека власта во секоја демократска држава има обврска да разговара и преговара со сите засегнати страни (stakeholders) и со стручната јавност, а не само со правни лица
Види повеќе »
Претставничката на ОБСЕ за Слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, денеска го осуди вчерашниот напад врз новинарот Саше Ивановски во Скопје. „Ова е најновиот во серијата инциденти на насилство и закани насочени кон новинари. Овој растечки тренд на насилство врз припадниците на медиумите мора да се спречи и затоа ги повикувам властите веднаш и целосно да го испитаат бруталниот напад на Ивановски“, напиша Мијатовиќ. Вчеравечер сопственикот на интернет порталот Мактел, Саше Ивановски беше брутално нападнат и претепан од страна на две лица. Се здобил со повреди на главата и грбот, при што била побарана медицинска помош
Види повеќе »
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) порача дека е сериозно загрижено од ескалацијата на насилство против новинари, откако вчеравечер двајца маскирани напаѓачи со метални шипки физички го нападнале новинарот Сашe Ивановски, попознат како Политико
Види повеќе »
„Прашањата кои се поставија на вчерашниот „информативен разговор“ кој го изврши полицијата при својата визита во ЦИВИЛ, не би сакале да ги сметаме за форма на притисок и се надеваме дека, сепак, се работи за изолирана и случајна посета. Но, чувствуваме потреба да ја информираме јавноста за оваа блиска средба, имајќи ја предвид општата состојба“ соопштуваат од Цивил
Види повеќе »
Една затворска казна во траење од 10 месеци и осум условни казни од по три месеци, кои нема да се извршат доколку обвинетите во рок од една година не сторат друго кривично дело, досуди Основниот суд Скопје 1 за деветтемина демонстранти, втората најголема група лица, кои беа приведени по насилните протести од 5 мај пред Владата на Република Македонија. Судот им го укина притворот на обвинети
Види повеќе »Во период после граѓанските протести пред Владата на РМ, на 5 мај 2015, провладините медиуми ја засилија хајката против граѓанските организации и опозицијата
Види повеќе »
Фондацијата НВО Инфоцентар пристапува кон коалицијата ГРАЃАНИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА, затоа што оваа коалиција не е ниту предизборна, ниту пак, е коалиција за освојување на власта
Види повеќе »
Група на мировни активисти и активистки од регионот на поранешна Југославија испрати писмо со поддршка до учесниците на демонстрациите кои деновиве се служуваат низ повеќе градови во Македонија
Види повеќе »
Законот јасно наведува места и состојби во кои може да се ограничи местото на протест. МВР со образложение дека ограничувањето е резултат на последиците од протестот во вторникот. Во членот 21 од Уставот пак, пишува дека граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест без претходно пријавување и без посебна дозвола
Види повеќе »
Илјадници демонстранти, на 5 мај, пред зградата на Владата, го изразија своето незадоволство од власта и нејзиниот обид да го скрие убиството на Мартин Нешковски. Граѓаните ненасилно, но масовно ги искажаа својот револт и гнев кон актуелната власт и меѓу другото, побараа нејзина оставка. Одговорот на власта спрема насобраните граѓани беше жесток и со прекумерна употреба на сила. Министерството за внатрешни работи испрати стотоци полицајци и специјалци, како и водени топови и шок бомби наспроти демонстрантите. Има повредени, но и уапсени. Четириестина граѓани се во притвор и ним им се спремаат најверојатно кривични пријави. Сепак,
Види повеќе »© 2025 Архива НВО Инфоцентар™
Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics