Разрешувањето на неколку стотици носители на јавни функции во државните институции, беше потег кој наиде на претежно негативни реакции во медиумите. Поставувањето на некои од новите кадри е оценето како непотизам [на пример, назначувањето на Сашо Мијалков, братучед на Премиерот, на функцијата директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК)]. И медиумите на албански јазик негодуваат во врска со кадровската политика на новата влада, поради „запоставувањето на кадрите Албанци во третиот ешалон на власта“. Во медиумите на македонски јазик и во медиумите на албански јазик присуствуваат оцени според кои „е погрешна владината позиција за давање предност на економската платформа доколку
Види повеќе »© 2024 Архива НВО Инфоцентар™
Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics