Социјалните медиуми и граѓанскиот активизам: Уникатна можност за ширење на вашата порака до светот! Последните години се наречени „ера на социјалните медиуми“, т.е. „ера на дигитализацијата“. Не постои некој кој не зборува за тоа, а компаниите ги базираат своите деловни модели на социјалните мрежи. Дали овие алатки може да се користат и во граѓанскиот / непрофитен свет? Дали на секоја невладина организација и се потребни профили на социјални мрежи за да може нормално да функционира или пак тоа може да ви наштети на вашата мисија? Овој мини прирачник дава увид на областа на управувањето со
Види повеќе »Во рамки на проектот „Граѓанска алијанса за прогресивни промени на локално ниво“, поддржан од Меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска, во август 2021 година, во пресрет на Локалните избори 2021, се формираше Форум за граѓански дијалог. Форумот за граѓански дијалог е составен од шест партнерски граѓански организации (НВО Инфоцентар, Младински културен центар-Битола, Центар на заедницата на општина Струга, Гласен Текстилец, Мултикултура и Идеа ЈИЕ), во соработка со уште три граѓански организации – Спектар, Граѓанска иницијатива на жени од Свети Николе и Центар за развој на медиуми. Основната цел на овој форум, во пресрет на локалните
Види повеќе »Законската регулатива по која работат и постапуваат општинските инспектори е нехармонизирана, а неретко и противречна. Руралните и малите општини сметаат дека законите кои се однесуваат на инспекцискиот надзор треба да се допрецизираат и тоа, во согласност со нивните потреби, можности и капацитети кои се разликуваат од оние на големите и на урбаните општини
Види повеќе »Мониторингот на медиумите за процена на квантитетот и квалитетот на истражувачкото и аналитичкото новинарско известување се спроведува во рамките на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“, финансиран од Европската Унија. Целта на проектот што се реализира во периодот 2016-2019 година е да се поттикне растот на прецизното и истражувачкото новинарство во насока на подобро информирање на јавноста и заштита на јавниот интерес. Со други зборови, целта е да се поттикнат редакциите и новинарите да се посветат на подлабока и посуштинска анализа на проблемите со што ќе се издвојат квалитативно од напливот на кратки, брзи, површни
Види повеќе »Народниот правобранител е најважната и клучна независна државна институција која треба да ги промовира и штити човековите права на граѓаните во Република Македонија. Имајќи го предвид ова, НВО Инфоцентарот, во соработка со Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, во рамки на проектот „Граѓанско набљудување на Народниот правобранител“, од декември 2016 година, континуирано ја набљудува работата на Народниот правобранител. Оваапубликација ги опфаќа извештаите (со мали надополнувања) објавени во периодот: декември 2016 – декември 2017 година, кои се однесуваат на: - Измените и дополнувањата на Законот за Народен правобранител што стапија на сила во март
Види повеќе »Резултатите од истражувањето на медиумите во 2017 година, во однос на претходната, покажуваат дека постои подобрување во степенот на застапеноста на истражувачките и на аналитичките новинарски текстови во македонските медиуми, но дека тој процент сѐ уште е загрижувачки мал. Оттука, може да се оцени дека останува потребата од активности што ќе влијаат врз одлуките во редакциите да се зголеми присуството на истражувачките и аналитички текстови како најмоќно средство што им стои на располагање на медиумите за заштита на јавниот интерес
Види повеќе »Суштината на демократските системи лежи во механизмот на контрола и повратна спрега (checks-and-balances) кој се рефлектира врз работењето во секое поле на дејствување на регулаторните и надзорните тела бидејќи клучна карактеристика на демократските системи е квалитетната контрола во насока на заштита на јавниот интерес. Во таа смисла, доколку се спроведува системот на контрола, корупцијата и недоследното работење во областа што се контролира би биле минимизирани. Имајќи го предвид ова, Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) и партнерските организации: НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, со проектот „Мониторинг на
Види повеќе »Тријазичната публикација, на македонски, албански и англиски јазик, е компилација од анализи и извештаи изработени и публикувани во рамките на проектот „Слобода за слободата на изразување“. Публикацијата ги содржи анализата „Слободата на изразување и здружување во медиумите“ која го опфаќа известувањето на медиумите за темите поврзани со слободата на изразување и слободата на здружување, во периодот 15јануари – 25 декември 2015 година и 15 јануари – 30 јуни 2016 година; документот „Слободата на изразување наспроти навредата и клеветата“ кој претставува пресек на судските случаи за навреда и клевета, со посебен фокус на нивното влијание врз
Види повеќе »© 2024 Архива НВО Инфоцентар™
Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics