17177717877_66ffa184d3_z

Протест пред Влада: Полицијата употреби прекумерна сила врз демонстрантите!

на мај 6, 15 • од

Илјадници демонстранти, на 5 мај, пред зградата на Владата, го изразија своето незадоволство од власта и нејзиниот обид да го скрие убиството на Мартин Нешковски. Граѓаните ненасилно, но масовно ги искажаа својот револт и гнев кон актуелната власт и меѓу другото, побараа нејзина оставка. Одговорот на власта спрема насобраните граѓани беше жесток и со прекумерна [&hellip...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » Протест пред Влада: Полицијата употреби прекумерна сила врз демонстрантите!

17385177125_3d00f78e15_zИлјадници демонстранти, на 5 мај, пред зградата на Владата, го изразија своето незадоволство од власта и нејзиниот обид да го скрие убиството на Мартин Нешковски. Граѓаните ненасилно, но масовно ги искажаа својот револт и гнев кон актуелната власт и меѓу другото, побараа нејзина оставка.

Одговорот на власта спрема насобраните граѓани беше жесток и со прекумерна употреба на сила. Министерството за внатрешни работи испрати стотоци полицајци и специјалци, како и водени топови и шок бомби наспроти демонстрантите.

Има повредени, но и уапсени. Четириестина граѓани се во притвор и ним им се спремаат најверојатно кривични пријави.

Сепак, граѓаните не се обесхрабрени. Нивните протести продолжуваат!

Во прилог, погледнете ги фотографиите на Ванчо Џамбаски, од протестите на 5 мај 2015.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top