22

За провладините медиуми, активистите станаа и терористи!

на мај 19, 15 • од

Во период после граѓанските протести пред Владата на РМ, на 5 мај 2015, провладините медиуми ја засилија хајката против граѓанските организации и опозицијата...
Pin It

Home » Активности, Слобода за слободата на изразување » За провладините медиуми, активистите станаа и терористи!

Во периодот, непосредно после граѓанските протести пред Владата на РМ, на 5 мај 2015, провладините медиуми ја засилија хајката против граѓанските организации и опозицијата. Речиси секојдневно се објавуваат написи и прилози, во кои директно се обвинуваат и напаѓаат граѓанските активисти за тоа дека сакаат насилно да ја урнат актуелната власт, дека сакаат да ја дестабилизираат државата, дека се платеници на странски служби и дека во тоа предничат организациите финансирани од Фондацијата Отворено општество Македонија, како и самата Фондација.

Некои медиуми, како на пример, весникот Вечер, одат до таму во своите теории на заговор и напади што тврдат дека граѓанскиот сектор и опозицијата, го користат „моделот за насилни демонстрации и државни удари“ под менторство на српските активисти од Канвас. А Канвас е непрофитна граѓанска организација за примена на ненасилни акции, која е еден од креаторите на граѓанскиот отпор против режимот на Слободан Милошевиќ во Србија.

Во посебниот прилог објавен на 17 мај, насловен како:„Ова е бандата експерти за државни удари која стои зад СДСМ и Заев!”, весникот Вечер, еднострано и манипулативно се занимава со Канвас, нарекувајќи ја терористичка организација, која своето искуство од Србија го пренесува во светот и која стои зад обидите за уривање на владите кои не се по „мерка на САД и на ЦИА“, во над 30 држави меѓу кои: Египет, Алжир, Грузија, Либан, Украина.
Едновремено, нарекувајќи ја нивната работа „подземен политички бизнис“, Вечер истакнува дека со помош на „Сорос и УСАИД“, a преку Школата за активно граѓанство на Форум, Канвас директно ги обучува македонските активисти за дестабилизирање на државата.

Вечер оди до таму што тврди дека „потписот на Канвас“ стои зад протестите за Мартин Нешковски уште од 2011 година, но и зад протестите на студентите кои започнаа минатата година.

Во вој прилог на Вечер, нема никаква изјава на оние кои се предмет на критика и на напади. Текстот главно се заснова на шпекулации и непроверени информации. Неговата содржина, тон, јазик, интонација и визуална илустрација, јасно ја покажуваат целта на авторката Ивона Талевска – да се засили негативното мислење во јавноста за граѓанските активисти и да се креира слика за нив како за „непријатели на државата“ односно за терористи,насилници,платеници и дестабилизирачи.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top