Анализата на покажа дека јавноста доби доволно информации за Извештајот на Европската комисија, но поради отсуството на продлабочена анализа, просечниот граѓанин нема јасна слика и тешко може да изгради сопствен став за евроинтегративниот процес на Македонија
Види повеќе »Според медиумите во државава, апсолутната победа на парламентарните избори, на мандатарот Груевски му овозможи да биде „сам на политичкиот врв“, што значи дека тој е „целосно политички одговорен за економскиот напредок и стабилноста на државата, за решавањето на спорот со Грција, како и за интегрирањето на Македонија во ЕУ и НАТО“
Види повеќе »Медиумите во Македонија се загрижени од начинот на кој се спроведуваат парламентарните избори и тоа пред се заради нивниот недемократски амбиент и загрозувањето на евроатлантските аспирации на државава
Види повеќе »Како што се наближува крајот на предизборната кампања, така, во медиумите се зголемуваат критиките упатени на адреса на „Коалицијата за подобра Македонија“. Одбивањето на Груевски да се соочи со Шеќеринска, како и неговото исмејување на европаралментарецот Јелко Кацин, негативно се одразија врз медиумскиот имиџ на премиерот Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ
Види повеќе »Пред официјалниот почеток на изборната кампања, како и во текот на кампањата, во медиумскиот простор, доминираат кампањите на техничката Влада, како и кампањата на ВМРО-ДПМНЕ со „Коалицијата за подобра Македонија“. Овие кампањи видливо го потиснаа присуството на другите коалиции и партии, учесници во Парламентарните избори
Види повеќе »Владата, според медиумите, постојано се наоѓа во криза и тоа најчесто заради тешкотијата да ги балансира конфликтите меѓу коалиционите партнери. Оттаму, по повеќе од една година од формирањето на Владата, не спласнува интересирањето на медиумите за проучување на феноменот „двоглава Влада“ односно како што истакнуваат: „едната на премиерот Никола Груевски, а втората на лидерот на ДПА, Мендух Тачи
Види повеќе »© 2024 Архива НВО Инфоцентар™
Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics