Архива за 2006

  • Медиумско огледало, ноември 2006: Владата е недоследна на своите ветувања во економијата!

    на дек 25, 06 • во Мониторинг на Медиуми

    Медиумите особено внимателно ги следат, ги анализираат и ги критикуваат потезите на Владата особено во областа на економијата. Најжестока критика и е упатена на Владата занедоследноста или некомпатибилностa на ставовите и ветувањата со праксата: „за склучувањето договори за јавни набавки во четири очи, без тендер; за непотизам; за партизација на администрацијата; за партиско обојување на државата; за кршењето на универзитетската автономија; за владината тенденција да ги тужи медиумите и да се пресметува со новинарството“. Вниманието на медиумите го привлекува и таканаречениот „политички дијалог“. Повеќето од новинарите констатираат декавладата лошо го води политичкиот дијалог во ситуација кога за речиси сите реформски потфати и

    Види повеќе »
  • Медиумско огледало, октомври 2006: Владата има проблем со демократскиот капацитет

    на дек 4, 06 • во Мониторинг на Медиуми

    Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери не успеа да го стабилизира својот медиумски имиџ и да ја зголеми популарноста во медиумите. Имиџот на Владата најмногу трпи поради раширената убеденост на медиумите дека „во Македонија има политичка криза“, поради која странските политичари и дипломати „се загрижени, и укажуваат на Владата за таквата состојба и се обидуваат да посредуваат за нејзино надминување“.   Според начинот на кој медиумите ги перципираат и интерпретираат владините активности и потези, се чини дека Владата перманентно излегува од една и влегува во друга комплицирана ситуација. Збирната сума од неповолните оцени за неколкуте владини активности во

    Види повеќе »
  • Затегнатите меѓуетнички односи ја забавуваат евгроинтеграцијата на Македонија!

    на ное 8, 06 • во Мониторинг на Медиуми

    “Медиумското огледало“ констатира континуирано опаѓање на медиумската популарност на актуелните владини потези во тековниот политички процес. Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери ниту приближно ја немаат медиумската наклонетост каква што Коалицијата „За подобра Македонија“ ја имаше непосредно пред и во периодот на одржувањето на парламентарните избори во јули годинава.   Еден дел од медиумите кои се склони да критикуваат, негативно ги вреднуваат новите измени и предлог-законските решенија на новата влада, вклучувајќи ги и кадровските промени во државните институции. Другиот дел, пак, покрај овие причини, острината на критиката ја поткрепуваат и со интензивирањето на затегнатоста во меѓуетничките односи

    Види повеќе »
  • Медиумско огледало: Критика за кадровската политика и непотизмот на премиерот Груевски

    на окт 5, 06 • во Мониторинг на Медиуми

    Разрешувањето на неколку стотици носители на јавни функции во државните институции, беше потег кој наиде на претежно негативни реакции во медиумите. Поставувањето на некои од новите кадри е оценето како непотизам [на пример, назначувањето на Сашо Мијалков, братучед на Премиерот, на функцијата директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК)]. И медиумите на албански јазик негодуваат во врска со кадровската политика на новата влада, поради „запоставувањето на кадрите Албанци во третиот ешалон на власта“.   Во медиумите на македонски јазик и во медиумите на албански јазик присуствуваат оцени според кои „е погрешна владината позиција за давање предност на економската платформа доколку

    Види повеќе »
  • Медиумско огледало, септември 2006: Медиумите сакаат лидерска оставка на Бучковски!

    на сеп 20, 06 • во Мониторинг на Медиуми

    Поголемиот дел од медиумите во Македонија, заедно со обилната критика и негативните оцени за работата на  претходната власт (становите на гости­варци, состојбите во МРТВ, нетранспарентната продажба на државниот имот, случајот „Бачило“ и др.), сугерираат заминување на Бучковски од лидерската позиција во СДСМ и акцентираат дека „лидерската оставка по претрпениот изборен пораз е очекуван потег“.   Кога станува збор за ВМРО-ДПМНЕ и првите политички потези на Никола Груевски, по завршувањето на изборите, медиумите, манифестираат различни и променливи ставови. Од една страна, се забележува пристрасност која кај определени медиуми поминува во некритичка пофалба, а од друга страна, се објавуваат

    Види повеќе »
  • Медиумско огледало, јули 2006: Поддршка и пропаганда за ВМРО-ДПМНЕ и Груевски

    на јул 24, 06 • во Мониторинг на Медиуми

    НВО Инфоцентарот во рамките на програмата „Медиумско огледало“ спроведува квалитативно набљудување на медиумите во контекст на Парламентарни избори 2006. Мониторингот ја анализира позиционираноста на медиумите во однос на изборните кампањи на политичките субјекти: коалициите  „За Македонија заедно“ и „За подобра Македонија“, ДУИ, ДПА, НСДП, ВМРО-НП, ДОМ, ЗНП и ПЕО. Во набљудувањето се вклучени 12 медиуми: „Вест“, „Вечер“, „Време“,„Дневник“, „Утрински весник“, „Факти“, ТВ „А1“, ТВ „Канал 5“, „МТВ 1“, „МТВ 2“(вести на албански јазик), ТВ „Сител“ и ТВ „Телма“.   Според вториот извештај кој го покрива периодот од 17 јуни до 8јули 2006 година: Во анализираниот изборен и пост изборен период, коалицијата „За Македонија заедно“, ја немаше медиумската наклонетост, карактеристична за коалицијата „За подобра

    Види повеќе »
  • Медиумско огледало, мај 2006: Медиумите против заедничка прослава на Илинден

    на јун 12, 06 • во Мониторинг на Медиуми

    Македонско-бугарските односи се се поприсутни во медумите, особено во контекст на македонското историско наследство и повеќето од нив се огласија и истакнаа дека не се согласуваат со иницијативата за заедничка прослава на Илинден.   Карактеристично за медимите е и тоа што во информирањето за евроинтегративните процеси доминира критиката насочена кон власта, но и кон политичката елита воопшто. Скептицизмот во врска со еврокапацитетите на македонската политика и на општетството во целина, медиумите најчесто го извлекуваат од пласираните критики на експертите, кои пак зачестено се јавуваат во улога на колумнисти. Проблематичното во овие случаи е тоа што повеќето колумнисти-експерти едновремено се

    Види повеќе »
  • Медиумско огледало, април 2006: Предвремената изборна кампања – виновник за застојот во реформите!

    на јун 1, 06 • во Мониторинг на Медиуми

    Стравот на јавноста од евентуалниот долгорочен застој во проширувањето на ЕУ, по приемот на Романија и Бугарија, во македонскиот медиумскиот простор изби во преден план. Медиумите, под влијание на неповолните оценки објавени во „Економист“ и „Фајненшл тајмс“, се несигурни и непрецизни во своите ставови и наизменично сугерираат и песимизам и оптимизам, но најчесто наддаваат (мешетарат, фиктивно арбитрираат) со перспективите на Македонија во процесот на евроинтегрирањето.   Респектирајќи го значењето на ставовите на европските институции, медиумите го креираат имиџот на ЕУ како „големиот арбитер“ во процесите и случувањата во македонската политика – и на внатрешен и

    Види повеќе »
  • Медиумско огледало, март 2006: Ерван Фуере и Оли Рен – миленици на медиумите во Македонија

    на апр 26, 06 • во Мониторинг на Медиуми

    Медиумите во Македонија најголемо внимание им посветуваат на евроинтегративните процеси на земјата и на македонско-косовските односи.   За медиумите веќе нема дилеми дека позициите на Македонија во европската интеграција директно се врзуваат со регуларноста на претстојните парламентарни избори и во овој контекст тие  го анализираат поведението на субјектите од домашната политичка сцена, како и улогата и однесувањето на факторите од меѓународната политика. Медиумите многу малку или воопшто не ја третираат темата за сопствената улога  во тој процес.   Стравот (но и ставот) на некои медиуми од „воскреснувањето на СФРЈ“, но и од тоа дека „ЦЕФТА е алтернатива за

    Види повеќе »
  • Медиумско огледало: Косово и Хаг ги поделија медиумите по етничка основа!

    на мар 29, 06 • во Мониторинг на Медиуми

    Македонските медиуми најголемо внимание им посветуваат на односите на Македонија со Косово и со Хашкиот трибунал, како и на иницијативата на ЕУ за слободна трговска зона на Балканот. Постојат видливи разлики меѓу медиумите на македонски и медиумите на албански јазик

    Види повеќе »
Scroll to top