“Медиумското огледало“ констатира континуирано опаѓање на медиумската популарност на актуелните владини потези во тековниот политички процес. Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери ниту приближно ја немаат медиумската наклонетост каква што Коалицијата „За подобра Македонија“ ја имаше непосредно пред и во периодот на одржувањето на парламентарните избори во јули годинава. Еден дел од медиумите кои се склони да критикуваат, негативно ги вреднуваат новите измени и предлог-законските решенија на новата влада, вклучувајќи ги и кадровските промени во државните институции. Другиот дел, пак, покрај овие причини, острината на критиката ја поткрепуваат и со интензивирањето на затегнатоста во меѓуетничките односи
Види повеќе »© 2024 Архива НВО Инфоцентар™
Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics