Сугестивниот и манипулативниот пристап кон информациите и фактите кај голем дел од телевизиите се забележува уште во самите најави на прилозите. Најавите се многу долги, обременети се со коментари пред да бидат изнесени фактите и аргументите во самиот прилог и неретко имаат тенденциозен (алармирачки, критички, негирачки, навивачки ...) карактер. Ваквите најави не само што го отежнуваат препознавањето на новинарскиот жанр, туку уште повеќе го отежнуваат препознавањето на фактите, аргументите и на изворите на информации. Начинот на кој определени медиуми ги „пакуваат“ најавите не придонесува кон објективното информирање на граѓаните
Види повеќе »© 2024 Архива НВО Инфоцентар™
Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics