1557240_811401622247085_7103852283138743060_o-770x470

Една затворска и осум условни казни за демонстрантите — сите признаа вина

на мај 22, 15 • од

Една затворска казна во траење од 10 месеци и осум условни казни од по три месеци, кои нема да се извршат доколку обвинетите во рок од една година не сторат друго кривично дело, досуди Основниот суд Скопје 1 за деветтемина демонстранти, втората најголема група лица, кои беа приведени по насилните протести од 5 мај пред Владата на Република Македонија. Судот им го укина притворот на обвинети...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » Една затворска и осум условни казни за демонстрантите — сите признаа вина

Извор: Академик

Сите обвинети во судница се изјаснија дека се свесни за обвинението, дека се каат за постапката и дека вината за делото „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ ја признаваат без никаква закана. Се работи за лица на родени помеѓу од 1974 до 1994, од кои четворица се студенти. Казна затвор од десет месеци доби Горан Митановски, вујкото на Мартин Нешковски, кој е претходно осудуван.

Одбраната во завршниот збор истакна дека Судот треба да ја земе предвид младешката чесност, како и свесноста за сторените дејствија.

„Овие обвинети – млади луѓе го искористија правото што го дава новиот Закон за кривична постапка и ја признаа вината, со младешка чесност, некриминални дејствија и неоптоварени со ништо освен со мерката притвор. Го замолувам Судот да има предвид дека им суди на луѓе со тотално нејасно обвинение бидејќи нема поединечни дејствија и нема доказ дека деветтемина заедно дејствувале за време на протестот на 5 мај“, рече адвокатот Мирослав Вујиќ.

Обвинителот, пак, во завршниот збор истакна дека вината е утврдена и јасна, но и тоа дека постои свесност за стореното дело.

Во наредниот период уште две групи демонстранти ќе седнат на обвинителната клупа, од кои едната составена од четири лица на 2 јуни, а другата во која се обвинети  пет лица на 3 јуни. И тие се товарат за кривичното дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“. Денеска Судот им го продолжи притворот на четворица од овие демонстранти.

Протестите беа организирани по објавувањето на т.н. бомба на СДСМ за случајот со убиството на Мартин Нешковски. 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top