Медиумите голем дел од содржините му ги посветија на прашањето за името. Медиумите интензивно ги пренесуваа пораките и изјавите на претставниците на меѓународната заедница, а пред се на претставниците на ЕУ, го анализираа и коментараа влијанието на спорот за името врз добивањето датум за пристапни преговори и отворено се залагаа за решавање на спорот во интерес на европската иднина на Македонија. Анализата на мониторираните написи во медиумите ни овозможува со сигурност да констатираме дека медиумите, т.е. новинарите беа единствените кои во овој период иницираа дебата за прашањето за името и придонесоа граѓаните да добијат повеќе информации за ставовите на
Види повеќе »Медиумите, во споредба со лани, покажаа речиси двојно поголем интерес за Извештајот на Европската комисија. Зголемениот квантитет на прилози го следеше и подобар квалитет на информирање проследен со значително помалку грешки за евроинтеграциите. Токму затоа можеме да констатираме дека граѓаните годинава имаа можност да добијат повеќе информации за главните наоди содржани во Извештајот на ЕК
Види повеќе »Анализата на медиумите покажа дека во споредба со претходниот мониторинг (февруари – мај), во овој период, медиумите подобро информираа за евроинтеграциските теми, особено за изборите во Европскиот парламент и за визната либерализација
Види повеќе »НВО Инфоцентарот, во соработка со Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), а во рамките на проектот „Време е за ЕУ“ поддржан од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) и Институтот за трајни заедници (ИТЗ) преку фондови за агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД), спроведува мониторинг на медиумите за начинот на кој тие информират за евроинтегративните процеси на Македонија
Види повеќе »Анализирајќи ги првичните реакции на опозицијата и експертската јавност по изборот на Ѓорге Иванов за претседател, медиумите се фокусираа на две клучни прашања – легитимитетот и авторитетот на идниот претседател. Сите медиуми ја нотираа слабата излезеност на албанското гласачко тело во вториот круг на Претседателските избори. Медиумите со големо внимание го опсервираа постигнатиот договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за соработка во вториот круг на претседателските и локалните избори
Види повеќе »Првичната анализа покажа дека главен акцент во информирањето на медиумите, во вториот дел од изборната кампања, беше ставен врз изјавите и поведението на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓи Иванов. НВО Инфоцентарот, во периодот од 9 до 21 март, 2009 година, го спроведе вториот дел од мониторингот на медиуми - „Медиумско огледало“, посветен на претседателските и локалните избори
Види повеќе »НВО Инфоцентарот, во рамките на проектот „Медиумско огледало“, спроведува квалитативно набљудување на медиумите, фокусирано на начинот на кој тие ја информираат македонската јавност за текот на Претседателските и Локалните избори
Види повеќе »© 2024 Архива НВО Инфоцентар™
Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics