Со поддршка од НВО Инфоцентарот, пет локални партнерски организации, Спектар, Норгес Вел и Цик-Цак од Крива Паланка, Спо Кул од Неготино и Активо од Велес, изработија нови интернет страници. Поддршката за организациите е во рамките на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, поддржан од меѓународниот центар „Улоф Палме“ од Шведска, со цел да им овозможи на локалните организации да ја подобрат својата видливост и влијание меѓу граѓаните, во општините и во јавноста во целина. Посетете ги и информирајте се за нивните активности: Регионалниот центар за соработка “СПЕКТAР” на https://spectar.org.mk  
Види повеќе »Граѓанските организации СПО КУЛ и НВО Инфоцентар, во соработка со Општина Неготино, донираа постелнина, ќебиња, бесконтактни топломери, UV ламби за стерилизација, средства за дезинфекција на раце, средства за хигиена и бришачи за раце наменети за потребите на Ковид-одделот во јавниот здравствен дом во Неготино
Види повеќе »Владата односно Министерството за локална самоуправа ја прифати иницијативата на НВО Инфоцентарот за унапредување на статусот и функционалноста на месните заедници и на механизмите за директно учество на граѓаните. Иако речиси сите општини практикуваат определени форми и механизми за консултирање и вклучување на граѓаните во креирањето и спроведувањето на локалните политики, тоа не е доволно. Потребно е суштинско унапредување и интензивирање на постојните практики, но и воведување нови механизми со кои ќе се унапредат транспарентноста и партиципативната демократија во општините. Месните заедници се основната и клучна алатка за директно вклучување на граѓаните на локално ниво, но
Види повеќе »Мониторинг на транспарентноста и вклучувањето на граѓаните во општините за време на Ковид-19 Набљудувањето на транспарентноста и вклучувањето на граѓаните во општините Велес, Крива Паланка и Неготино, во време на пандемијата КОВИД-19, покажа дека локалните власти треба да ја зајакнат транспарентноста и отчетноста на својата работа особено во спроведувањето на постапките и трошењето на буџетските средства. Потребно е општините интензивно да работат на целосна дигитализација на општинските услуги и нивна стандардизација. Исто така, треба да ја подобрат и дигиталната писменост на општинската администрација. Општинските интернет-страници мора да бидат сервисно ориентирани, а не да служат главно
Види повеќе »Секој функционер и именувано лице, во рок од 30 дена од стапување на функцијата има законска обврска да поднесе анкетен лист до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Целта на поднесувањето анкетни листови е да им овозможи на антикорупционерите увид во имотот на функцинерите пред, за време и по завршување на мандатот. На овој начин, несразмерното зголемување на имотот на именуваното лице лесно може да се воочи и да поттикне отворање постапка во која треба да се докаже законитоста на новостекнатиот имот. Во анкетниот лист функционерот треба да наведе се што поседува лично
Види повеќе »НВО Инфоцентарот, на 25 декември 2020, ја одржа последната годинешна работилница за подготовка на интерет-страниците на пет локални организации од Крива Паланка, Неготино и Велес – Спектар, Норге Ве, Цик-Цак, СПО КУЛ и АКТИВО
Види повеќе »Најтешко е да се освои власта. Потоа се е предвидено и познато. Ветувањето во изборната кампања за „едно општество за сите“ паѓа во вода со првото именување на директор во државна институција. На раководна позиција секогаш доаѓа лојален член на владејачка партија и покрај задолжителните конкурси. Крај на клиентализмот требаше да стави Законот за висока раководна служба според кој директорите ќе се бираат според професионални, а не партиски заслуги. Но, законот наводно заглави во бирократска процедура, па и овој четиригодишен мандат институциите нема да ги водат најспособните, туку ќе ги раководат луѓе кои победиле на „конкурсот“
Види повеќе »Досегашните искуства во светот покажуваат дека не постои еднообразност во пристапот односно во регулирањето на прашањето на потеклото на имотот. Некаде тоа е опфатено со повеќе закони, а во некои држави постојат посебни закони за потеклото на имотот. Сепак, она што е заедничко за повеќето држави вклучително и нашата држава, е тоа дека за да се спречи незаконското богатење, во секој правен систем се воведуваат механизми за контрола и проверка на имотот и приходите
Види повеќе »Центарот за младински иницијативи ЦИК-ЦАК од Крива Паланка, во соработка со НВО Инфоцентарot, на 23 декември 2020 година, на платформата ЗУМ ја организираше онлајн дискусијата „Младите и образованието во време на коронавирус”. На дебатата, претставници од повеќе локални институции, Општината, училиштата, Советот на родители, млади и активисти дискутираа за предизвиците со кои се соочуваат сите учесници во образовниот процес, но со посебен фокус на децата и младите односно на учениците и студентите од Крива Паланка. Учесниците разменија искуства за добрите и лошите страни на досегашниот тек на образовниот процес, како и предлози за подобрување на
Види повеќе »Норгес Вел заедно со волонтери од Црвениот крст и млади спортисти, на 18 декември 2020 ја реализираше еколошката акција: ,,Пластика не - патека да“, на пешачко–рекреативната патека Стара Вада во Крива Паланка
Види повеќе »© 2023 Архива НВО Инфоцентар™
Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics