Јовановски истакна дека премиерот Груевски со својот говор во Охрид, недвосмислено го поттикнува насилството врз критичарите на власта, дека очекува атосферата на насилство и линч да продолжи и да кулминира, но едновремено, тој констатира дека молчењете не смее да стане систем на општествено однесување
Види повеќе »Мониторингот на ЦРМ, покажува дека пред Основниот суд во Скопје, во првите три месеци од оваа година, поведени се 26 нови предмети за навреда и клевета, од кои дури половината, се однесуваат на новинари и на медиуми. Оваа бројка од 13 нови судски предмети за само три месеци, го потврдува трендот на континуирано поднесување тужби за навреда и клевета против новинарите односно го потврдува фактот дека новинарството е професија која најчесто се среќава низ судските постапки
Види повеќе »Никола Наумоски истакна дека државните органи не само што се индиферентни на нападите врз критичарите на власта, туку тие ја играат и улогата на соучесници, додека Славчо Димитров, меѓу другото, констатира дека основен проблем во нарушената слобода на изразување во државава е токму тоа што е ограничен пристапот до информации
Види повеќе »На дебатата „Која е цената на слободата на изразување во Македонија?“, организирана од НВО Инфоцентарот, Уранија Пировска, од Хелсиншкиот комитет за човекови права, меѓу другото, истакна дека заради окупацијата на медиумскиот простор и заради партизираните институции, во Македонија нема основни услови да се почитуваат и да се заштитат човековите права и слободи
Види повеќе »Извештај на „Индекс на цензурата“ Македонија се наоѓа на десеттото место во Европа според загрозувањето на слободата на медиумите и според случаите на притисоци и закани врз новинарите. Ова го покажува најновиот извештај на организацијата Индекс на цензурата, кој во континуитет ги мапира медиумските слободи во Европа. Најмногу случаи на загрозување на слободата на медиумите – 113, во периодот мај 2014 – април 2015, се регистрирани во Турција, додека во Македонија биле забележани 25 закани и напади врз новинарите. Вкупниот број на инциденти во Европа изнесува 750 , од кои 89 се физички напади, а
Види повеќе »Македонија, според најновиот Извештај за слободата на медумите во 2015 година, на Фридом Хаус, се наоѓа на претпоследното место во Европа, единствено пред Турција, а на последното место во Балканот. И во светски рамки, Македонија како делумно слободна држава која во изминатите 10 години бележи континуиран пад на медиумските слободи, е рангирана речиси на дното и го зазема 125-то место, заедно со Украина
Види повеќе »Истражување за спроведувањето и влијанието на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета врз слободата на изразување во Македонија
Види повеќе »НВО Инфоцентарот, на 29 април 2015 година, среда, во ГЕМ Клубот (Менада), во Старата скопска чаршија, со почеток во 11 часот, ќе организира дебата на тема: Која е цената на слободата на изразување во Македонија? На дебатата ќе учествуваат: Уранија Пировска, од Хелсиншкиот комитет за човекови права, новинарите Борјан Јовановски и Зоран Бојаровски, како и активистите Никола Наумоски и Славчо Димитров. Дискусијата ќе ја модерира Билјана Бејкова од НВО Инфоцентарот, Главен акцент во дискусијата ќе биде ставен на актуелната состојба со слободата на изразување, слободата на здружување, слободата на информирање и секако, состојбата со говорот
Види повеќе »Средношколскиот фронт е отворен за сите средношколци, каде ќе можат да да присуствуваат на организираните работилници, предавања, турнири и слично, и секако да ја преноќат ноќта заедно со дежурните претставници. Фронтот ќе има и различни забавни и едукативни катчиња: музичко, ликовно, дебатно, катче за подготовки за матура и разни други активности
Види повеќе »Вчера, на 26 април 2015 година, од страна на непознато лице со качулка, беше нападнат граѓанскиот активист Славчо Димитров. Во само една недела, во Македонија, неколку новинари добија предупредувачки закани, а неколку граѓански активисти беа и физички атакувани на јавни места
Види повеќе »© 2023 Архива НВО Инфоцентар™
Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics