НВО Инфоцентарот, во соработка со Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Граѓански мониторинг на Народниот правобранител“, поддржан од Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД), во периодот од 1 ноември до 15 декември 2016 година, го набљудуваше известувањето на медиумите за работата на Народниот правобранител
Види повеќе »Иако најавите на прилозите, како и тонот на известување се неутрални и информативни, сепак, селективниот пристап на новинарите продолжи во овој период и го наруши балансот во фер-информирањето на МРТ1 за предизборните активности на политичките партии. Оваа селективност беше највидлива во прилозите посветени на опозициската СДСМ
Види повеќе »Новинарите редовно ги пренесуваат критиките и обвинувањата на владејачките партии насочени кон СДСМ, но информирајќи за активностите на опозицијата, во својот наратив не ги нагласија и не ги издвоија одговорите и демантите на СДСМ и на Заев за секојдневните обвинувања дека наводно сакаат да ја федерализираат Македонија. Кога станува збор за критиките на опозицијата спрема власта и владејачките партии, новинарскиот приод е поселективен и со забележливо отсуство на пренесување на критиките за криминал и незаконско прислушување, адресирани директно до ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски
Види повеќе »© 2024 Архива НВО Инфоцентар™
Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics