Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – Х.Е.Р.А. се заблагодарува на поддршката на 3-те политички партии, но и за уверувањето дека ќе се заложат за спроведување на овие интервенции - клучни за унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје и родовата еднаквост преку нивното политичко дејствување како потенцијални членови на Собранието или доколку ја формираат идната Влада на Република Македонија
Види повеќе »Анализата на содржините објавени во медиумите, а креирани во Владата, недвосмислено покажува дека во комуникацијата на извршната власт со јавноста, информирањето на граѓаните за политиките од јавен интерес, не е во преден план. Оваа комуникација е примарно во насока на убедување на граѓаните дека Владата е „успешна и безгрешна“, односно дека е „тефлон“ - извршна власт на која не се лепи ниту една грешка, ниту еден неуспех, ниту еден скандал, а во која успешно се „готват“ и спроведуваат политики по мерка на секој граѓанин. Законската обврска за информирање на јавноста е претворена во пропагандно - индоктринирачка активност, чија главна цел е создавање позитивен имиџ за власта, како во медиумите, така и во јавноста
Види повеќе »© 2024 Архива НВО Инфоцентар™
Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics