НВО Инфоцентарот, во рамки на проектот „Информации засновани на факти и транспарентност за успешна Ковид-19 имунизација“, спроведува мониторинг на известувањето на медиумите за процесот на вакцинација. Набљудувањето и анализата на медиумското известување за Ковид-19 имунизацијата се реализира преку агрегаторот на вести – Time.mk, кој опфаќа вкупно 125 медиуми – вести (63), портали (48) и спортски медиуми (14) и тоа, со пребарување според клучни зборови – „вакцинација“, „Филипче“ и „антиваксери“.
Основната цел на набљудувањето е да се утврди интензитетот, квалитетот и доминантните наративи во известувањето на медиумите за целокупниот процес на Ковид-19 вакцинацијата во државава. Овој извештај го опфаќа периодот од 1јануари 2021 година, до 25 јануари 2022 година.
Клучни наоди
Анализата на медиумското известување во изминатитет 13 месеци покажа:
- Во периодот на мониторинг медиумите застапени на агрегаторот Time.mk, во континуитет известуваа за процесот на вакцинација против КОВИД-19.
- Имунизацијата беше една од најприсутните и најдоминантните теми во медиумите.
- Во известувањето на медиумите доминираа информации поткрепени со податоци и изјави од надлежните државни здравствени институции.
- Најчесто се пренесуваа информации и податоци за бројот на вакцинирани, бројот и видот на пристигнати вакцини, карактеристиките и перформансите на вакцините, како и состојбата во светот.
- Во повеќето медиуми доминираа идентични прилози посветени на имунизацијата.
- Отсуствуваше новинарскиот аналитичко-истражувачки приод.
- Антиваксерите и нивните пораки се наоѓаат на маргините на медиумското известување.
Прочитајте го целосниот извештај: Monitoring na mediumi_januari’21 – januari’22
![09-Monitoring-na-mediumi--[-Infographic-do-22-januari-2022-]-logoa-USAID-i-BTD](http://nvoinfocentar.org.mk/wp-content/uploads/2022/01/09-Monitoring-na-mediumi-Infographic-do-22-januari-2022-logoa-USAID-i-BTD-837x1024.jpg)









