ЗНМ: Законот на ВМРО-ДПМНЕ за владините реклами претставува брутален напад врз независноста на медиумите

на јан 27, 16 • од

Ги повикуваме СДСМ, ДУИ, ДПА и ЕУ и САД да го отфрлат ваквиот предлог и да се заложат за идеите на посредникот Питер Ван Хауте, како системско решение кое создава услови за слободни медиуми...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » ЗНМ: Законот на ВМРО-ДПМНЕ за владините реклами претставува брутален напад врз независноста на медиумите

Законот на ВМРО-ДПМНЕ за владините реклами, предложен на работната група претставува брутален напад врз независноста на медиумите. Со законот се прави упад врз мисијата, финансирањето и уредувачката политика на медиумите. Предлогот ја убива смислата на постоење на медиумите во едно демократско општество точно, навремено да информираат, критички да ја опсервираат реалноста и да поттикнат дебата за прашања од јавен интерес. Преку медиумските кампањи, власта во името на заштита и унапредување на наводно јавното информирање, во суштина изразува огромен страв и недоверба кон работата на медиумите.

Кампањите треба да покажат дека медиумите не работата во интерес на граѓаните затоа е потребно власта да ги мотивира со пари за да ја научат лекцијата како се заштитува јавниот интерес. Вистинската цел на кампањите е медиумите да ги заборават граѓаните, јавниот интерес и демократијата и да бидат огласна табла за фалење на владините политики. ВМРО-ДПМНЕ за јавен интерес ја прогласува секоја активиност на владата и на јавните институции, тековни и идни активности на владата, цели и очекувања на владини политики, проекти и активности на владата, законски измени и фискални политики. Тоа во превод значи со јавни пари да продолжи и засили промоцијата на партиската програма.

Со овој закон власта со парите на граѓаните планира да ја легализира, прошири и надгради корупцијата во медиумите со цел да ги контролира и да ја задуши секоја критика во медиумите Освен тоа, законот доделува надлежност на Агенцијата за медиуми што не е предвидена во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ниту е својствена во демократски земји. Никаде во Европа медиумскиот регулатор не одобрува јавни кампањи, не одлучува за нивна дистрибуција во медиумите и по која цена да се емитуваат. Ниту пак пресметува проценти и удели за учество на пазар, кое прашање на медиумската индустрија.

Највеселата математика во законот е околу казните. Ако владата и јавните институции вон закон објавуваат информативни камапањи, нема да сносат кривична одговорност, туку ќе бидат казнети сио парична казна до 3000 евра.

Ако владата сака да им помогне на медиумите ЗНМ има предложен концепт за субвенционирање. Ги повикуваме СДСМ, ДУИ, ДПА и ЕУ и САД категорично да го отфрлат ваквиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ и одлучно да се заложат за идеите на посредникот Питер Ван Хауте, како системско решение кое создава услови за слободни медиуми.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top