Влора Младински Центар од Албанија, во партнерство со Тимочки Клуб од Србија и НВО Инфоцентар од Северна Mакедонија, на 30 ноември 2020, преку платформата Зум, ја организираа завршната конференција на проектот #НадминувањеГраници / #ChallengingBorders.
На конференцијата „Младите против предрасудите“ преку педесетина млади од Северна Македонија, Албанија и Србија ги споделија своите искуства и стекнати знаења низ проектот, и ги промовираа своите заеднички достигнувања.
Верувајќи дека интеркултурното учење и дијалог се неопходни за да се намалат предрасудите, трите партнерски организации им дадоа можност младите во регионот да ги срушат предрасудите, да промовираат меѓукултурен дијалог и да ја прифатат и слават различноста.
Конференцијата е завршна активност на проектот #ChallengingBorders, на НВО Инфоцентарот и партнерските организации: Влора Младински Центар од Албанија и Тимочки Клуб од Србија, финансиски поддржан од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Фондот на Обединетите нации за градење мир (UN PBF).