Започнува кампањата „Попис веднаш!“

на јун 1, 14 • од

Пописот е исклучително значајна и суштинска статистичка операција која Македонија мора да ја спроведе. Неговото натамошното одложување штетно влијае врз угледот на државата, но уште повеќе го оневозможува планирањето и спроведувањето на успешни развојни политики во сите сфери на општеството. Без попис нема успешни политики во економијата, енергетиката, инфраструктурата, здравството, образованието, социјалата, руралниот и регионалниот развој, земјоделството. Исто така, пописот претставува и основен предуслов за реален избирачки список...
Pin It

Home » Активности » Започнува кампањата „Попис веднаш!“

Пописот е исклучително значајна и суштинска статистичка операција која Македонија мора да ја спроведе. Неговото натамошното одложување штетно  влијае врз угледот на државата, но уште повеќе го оневозможува планирањето и спроведувањето на успешни развојни политики во сите сфери на општеството. Без попис нема успешни политики во економијата, енергетиката, инфраструктурата, здравството, образованието, социјалата, руралниот и регионалниот развој, земјоделството. Исто така, пописот претставува и основен предуслов за реален избирачки список.

Имајќи го предвид сето ова, спроведувањето на пописот на населението во Македонија не смее да остане заложник на политиката која оваа статистичка операција ја сведе на етничко пребројување односно на тоа, колку Македонци, а колку Албанци и други етнички заедници живеат во Македонија

Kампањата ќе трае до крајот на јуни 2014, ќе бидат реализирани дебати во Тетово, Струмица, Струга, Битола и во Скопје. Овој проект гореализираат, НВО Инфоцентарот, Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) и 8-ми Септември, со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ) преку Проектот на УСАИД за граѓанско општество.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top