Активистот и поддржувачот на Шарената револуција, Петар Керамитчиев, на својата Фејсбук страна обелодени дека добил закана од ВМРО-ДПМНЕ:
- „Си ја добив првата закана. Му рекле на дедо ми кој е во партија: „Тој внук ти со кој си се фалел дека е лав испадна дека е куче. Нека се припази бидејќи сите се на список и чим заврши ова сите ќе ги испоапсиме“. Е ради ова #Протестирам. Како да ви објаснам дека заканите делуваат мотивирачки бидејќи само ни ги потврдувате причините за кои протестираме? Се додека државата ни ја водат насилници нема да престанеме да се бориме! Се гледаме во 6!“