protestiram-696x391

За ВМРО-ДПМНЕ, невладините се еднакви со СДСМ и Сорос и не треба да учествуваат во преговорите

на јул 8, 16 • од

Според ВМРО-ДПМНЕ, доколку граѓанските организации имаат политички капацитет и ако се разликуваат во своите ставови од СДСМ, може да формираат партија и да се појават на политичката сцена рамноправно со сите останати...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » За ВМРО-ДПМНЕ, невладините се еднакви со СДСМ и Сорос и не треба да учествуваат во преговорите

Барањето на граѓанскиот сектор да биде вклучен во преговорите за излез од политичката криза наиде на прифаќање кај опозицијата, а на неприфаќање од владејачката партија. Странските амбасади во земјава, како што пишува Фокус, пред сè, делегацијата на ЕУ и американската амбасада, одлучија да го одмолчат барањето за вклучување во процесот, што вчера и писмено го испорачаа 87 невладини организации.

– Активната улога и разбудената граѓанска свест во Македонија е нова вредност. Мора да се уважи и да се почитува граѓанскиот глас. Истовремено истакнуваме дека опозицијата се согласува граѓаните да бидат активно вклучени во преговарачкиот процес – велат од СДСМ.

Иво Котевски, директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека невладините под контрола на Сорос имаат идентични ставови како и СДСМ и меѓу нив постои знак на еднаквост.

– Нема никакво логично образложение за нивното вклучување во преговарачкиот процес освен доколку крајната цел е разводнување на преговорите и нивна блокада. Нивните настапи беа проследени со низа апсурди – вели Котевски.

Тој им порачува на невладините дека ако толку имаат политички капацитет и ако се разликуваат во своите ставови од СДСМ, може да формираат партија и да се појават на политичката сцена рамноправно со сите останати.

Извор: Фокус

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top