Мониторинг на медиуми: За новинарите Извештајот на ЕУ – покритичен од ланскиот

на дек 30, 10 • од

Анализата на новинарските материјали објавени во медиумите, покажа дека новинарите беа исклучително заинтересирани за Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија во 2010 година...
Pin It

Home » Мониторинг на Медиуми » Мониторинг на медиуми: За новинарите Извештајот на ЕУ – покритичен од ланскиот

НВО Инфоцентарот, во соработка со Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), a со финансиска поддршка на Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ), и во 2010 година, спроведува континуиран мониторинг на квалитетот на информациите објавени во медиумите, во контекст на евроинтеграциите на Македонија. Овој извештај се однесува на периодот 1 септември  – 30 ноември 2010 година и содржи анализа на квалитетот на информациите за Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија во 2010 година. Во мониторингот беа вклучени осум дневни весници („Утрински весник“; „Дневник“; „Вест“; „Вечер“; „Време“; „Нова Македонија“, „Шпиц“ и „Коха“) и централните информативни емисии на седум телевизии со национална и сателитска концесија („А1“; „Канал 5“; „Сител“; „Телма“; „МТВ1“; „Алфа“ и „Алсат“).

Анализата на новинарските материјали објавени во медиумите, покажа дека новинарите беа исклучително заинтересирани за Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија во 2010 година. Во периодот на мониторинг беа објавени 346 новинарски прилози и написи, и тоа 59 отсто во дневните весници и 41 отсто во електронските медиуми. Најголем број прилози беа објавени во Утрински весник (11%), МТВ1(11%) и во Вечер (11%). Најдоминатен новинарски жанр, како и во претходните години, е извештајот (80,7%), додека коментарот е застапен со скромни 3 отсто, а анализата со само 0.3 отсто. Според анализа на новинарските материјали, во некои медиуми констатирана е тенденција да се објавуваат голем број непотпишани прилози односно текстови од непознат автор.

Поголемиот број медиуми прецизно, па дури и детално, ги детектираа клучните теми, заклучоци и препораки на Извештајот на Европската комисија (ЕК) уште пред неговото објавување. Новинарите, во обид да предвидат колку што е можно попрецизно каква ќе биде содржината на Извештајот, ги консултираа претставниците на: власта, опозицијата, ЕУ, граѓанското општество, како и експертите. Повеќето медиуми, и покрај тоа што констатираа дека Европската комисија ја потврди препораката за датум за преговори, Извештајот 2010 го оценија  како покритичен во споредба со ланскиот и упатуваа на забелешките и проблемите детектирани во овој документ. Во определени медиуми, доминираа изјавите на претставниците на Владата кои креираа јавно мислење дека Извештајот е позитивен за Македонија и констатираа напредок во европските интеграции. Овие медиуми упатија серија критики на адреса на претставниците на граѓанското општество, опозицијата и на Европската унија: евроамбасадорот Ерван Фуере и известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Зоран Талер. 

НВО Инфоцентарот, во текот на јануари 2011 година ќе ги објави резултатите од мониторингот на информирањето на медиумите за Самитот на НАТО, во ноември годинава, а ќе бидат објавени и резултатите од мониторингот на медиумите за информирањето поврзано со „случајот А1“. Овој мониторинг НВО Инфоцентарот го спроведува во соработка со Центарот за нови медиуми.

Медиумско огледало – Извештај ЕК 2010 (326KB)

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top