Младинската организација People to People International Skopje преку проектот „Здружени за слободно изразување“ подготви серија видео-интервјуа со цел да прикажи и промовира позитивни примери на граѓанско здружување во Македонија.
Првото видео е посветено на Драмскиот креативен центар „С’клет“, кој функционира во СУГС „Георги Димитров“. Во центарот членуваат средношколци и студенти кои преку театарски израз артикулираат теми кои ги засегнуваат младите. Своето искуство во ДКЦ „С’клет“ го споделуваат основачката на „С’клет“, професорка по македонски јазик и литература, Марина Лотеска и сега веќе студентките, но се уште дел од оваа театарска група, Сара Локвенец и Сања Николовска. За тоа како изгледа една проба, за проблемите со кои се соочуваат младите и за пораките кои ги испраќаат претставите на „С’клет“ .
Акцијата „Здружени за слободно изразување“ се спроведува во рамки на проектот „Застапување за слобода на изразување“ на НВО Инфоцентарот и ЦРМ, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија.