16479136746_b2f10813b0_z

Веќе една недела слободна автономна зона на факултетите

на фев 18, 15 • од

Една недела по прогласувањето „Автономна зона“ на Филозофскиот и Филолошкиот факултет во Скопје, бојкотот на наставата се прошири низ Универзитетот „Кирил и Методиј“. Од Студентскиот пленум известуваат дека во текот вчерашниот ден бојкот на настава се случил и на Педагошка академија, Факултет за ликовна уметност, Шумарски факултет, Факултет за дизајн и технологии на мебел и [&hellip...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » Веќе една недела слободна автономна зона на факултетите

Една недела по прогласувањето „Автономна зона“ на Филозофскиот и Филолошкиот факултет во Скопје, бојкотот на наставата се прошири низ Универзитетот „Кирил и Методиј“. Од Студентскиот пленум известуваат дека во текот вчерашниот ден бојкот на настава се случил и на Педагошка академија, Факултет за ликовна уметност, Шумарски факултет, Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Природно математички факултет, Земјоделски факултет и Архитектонски факултет.

На Факултетот за драмски уметности, по иницијатива на студентите, уште од почетокот на прогласување на Автономната зона на Филозофскиот и Филолошкиот факултет, во знак на поддршка не се реализира настава. На Правниот факултет веќе два дена, се случуваат предавања како дел од алтернативниот курикулум кој го организираат студентите од Правен факултет.

„Автономни зони“ од вчера почнаа и на Битолскиот универзитет „Климент Охридски“, каде што студентите вечерта ја поминале без парно греење, додека на Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“, студентите седеле без струја.

Студентите велат дека окупацијата на факултетите ќе опстои се додека не добијат гаранција дека она што ќе се изготви како нов Закон за високо образование авистина ќе биде имплементирано. Тие бараат да се потпише спогодба помеѓу Интеруниверзитетската конференција и Министерството за образование и наука која ќе опфаќа загарантирано учество на Студентскиот пленум во изработката на целиот закон со цел тој да ги рефлектира студентските ставови и перспективи, формирање работни групи во кои членовите од Студентскиот и Професорскиот пленум ќе бидат рамномерно застапени, како и рокови за изработка на прв и втор Нацрт на законот.

За случувањата во автономните зони можете да се информирате повеќе на нивните ФБ страници: Студентски пленум, Студентски пленум УКЛО и Студентски пленум УГД.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top