0,,6083925_4,00

Уставниот суд против слободата на изразување – потврдена пресудата против Фокус

на ное 7, 15 • од

Анализата на Одлуката на Уставниот суд за случајот Мијалков - Фокус покажува дека функционерите уживаат повисок степен на заштита за разлика од новинарите и обичните граѓани и дека судиите не ја почитуваат Европската конвенција за човекови права...
Pin It

Home » Активности, Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » Уставниот суд против слободата на изразување – потврдена пресудата против Фокус

На 14 октомври 2015, Уставниот суд на Република Македонија, го одби барањето на новинарите на неделникот „Фокус“, Јадранка Костова и Владо Апостолов за заштита на слободите и правата од член 110, алинеја 3 од Уставот на РМ, што се однесуваат на слободата на јавното изразување на мислата.
Со ваквата одлука Уставниот суд само ги потврди и првостепената и второстепената пресуда, според кои тужените новинари се одговорни за клевета сторена спрема тужителот Сашо Мијалков, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање.

Анализата на Одлуката на Уставниот суд и на правосилната пресуда за случајот Мијалков – Фокус, на Центарот за развј на медиуми, покрај тоа што покажува дека функционерите уживаат повисок степен на заштита за разлика од новинарите и обичните граѓани, покажува и дека судот не го препознава јавниот интерес, дека не прифаќа поранешен амбасадор за релевантен и сериозен извор на информации, а при утврдувањето на надоместоците на штета воопшто не води сметка дека се превисоки односно дека не се пропорционални со финансиската ситуација во која се наоѓаат новинарите и медиумите во Македонија.

Со други зборови, двојните аршини во постапувањето на судиите, целосно неоснованата заштита на честа и угледот на функционерите и непочитувањето на Европската конвенција и праксата на Судот во Стразбур, сериозно ја загрозуваат слободата на изразување во Македонија, ги засилуваат стравот и самоцензурата, а го наметнуваат и прашањето за (не)зависноста и (не)квалитетот на судската власт во државата.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top