Поднесувачите на иницијативата, организациите ХЕРА, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Реактор и Коалицијата „Сексуални и здравствени права“, како и професорката Каролина Ристова – Астеруд, на денешната прес-конференција ја известија јавноста за текот расправата која се водела во уставниот суд по повод иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Законот за прекинување на бременоста.
Тие сметаат дека, освен неколку сериозни аргументи за законот и неговата врска со уставните одредби од само еден уставен судија, дискусијата врз која е донесена негативната одлука изобилувала со лични убедувања (абортусот е убиство), лични искуства и стравови, морални оценки и поврзување на абортусот со неверство и идеолошки убедувања (поврзување на абортусот со „либерални вредности“ и со истополовите бракови кои го загрозуваат одржувањето на нацијата) на судиите.
За жал, ова се случува по информирањето за случаи во кои животот на жените беше поставен под прашање заради одредбите од Законот од 2013.
Организациите сметаат дека ваквиот однос придонесува води кон деградирање, нехуман третман и тортура преку загрозување на здравјето и животот на секоја жена која сака да ја прекине бременоста.
ХЕРА ги повикува сите жени кои при остварувањето на загарантираното право за абортус се соочиле со пречки и неправилности или доколку нивното достоинство било нарушено, да ја контактираат организацијата за да добијат медицинска, психо-социјална и правна поддршка.