Корисни документи

ДОКУМЕНТИ и АНАЛИЗИ ДОМАШНА и МЕЃУНАРОДНА РЕГУЛАТИВА

 

ДОКУМЕНТИ И АНАЛИЗИ

Извештајот претставува компаративна анализа на домашното законодавство и Конвенцијата за правата на детето, со цел да ги утврди областите на конвергенција и дивергенција и да даде препораки за подобрување на правната рамка за децата. Имајќи го предвид темпото на законодавните реформи чија цел е усогласување на домашниот правен систем со меѓународните и европските стандарди, секоја област е регулирана со сложен систем на законодавство. Оттука, тековниот правен преглед претставува избор од најрелевантните делови од законодавството усвоени до мај 2010 година. Овој извештај треба да се гледа како жив документ кој треба постојано да се ажурира. Иако домашната правна рамка, општо земено, е усогласена со меѓународните стандарди, сепак можат да се утврдат недоследности во некои области. Згора на тоа, и покрај релативно силната правна рамка кога станува збор за децата, нејзината примена во пракса е слаба, со недоволни ресурси.

Подготовка: Правен факултет „Јустинијан Први“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, февруари 2010 година, со техничка и финансиска поддршка од Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ).

20141214-prirachnik-300x208Прирачникот е педагошка алатка наменета за оние кои работат со млади на возраст од 15 до 25 години. Избраниот пристап е пристапот преку човековите права. Целта на прирачникот е во рамките на интересот што младите го пројавуваат за човековите права, да понуди алатки што ќе овозможат да се подигне свеста на корисниците на интернет дека она што го прават на интернет е поврзано со човековите права. Повеќе човекови права се засегнати кога се користи интернетот што треба да се познаваат за да може да се почитуваат и заштитуваат.

Подготовка: Фондација Метаморфозис и Институтот за човекови права и мир од Каен, Франција

Криминалот од омраза се заснова на предрасуди. Тој може да се појави насекаде; ниту едно општество не е имуно на влијанието на предрасудите и нетолеранцијата. Поединечните појави на криминал од омраза во себе го носат зачетокот на потенцијални конфликти, затоа што можат да еска- лираат и во однос на бројот на погодени лица и во однос на интензитетот на насилството. Кругот на насилство може да се прекине доколку ова се прифати и доколку се преземат одлучни мерки.

Подготовка: Канцеларија на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ODIHR) 

Предмет на правната анализа е определувањето на поимот на казнените (кривичните) дела на омраза и говорот на омраза и креирањето соодветен правен концепт за нивно спречување, како услов за ефективна примена на законите- пријавување, обвинување и пресудување. Нејзината основна намена е да му послужи на законодавецот како основа за заокружување на моделот на уредување на делата на омраза и говорот на омраза.

Подготовка: Акад. Владо Камбовск и Д-р Мирјана Лазарова Трајковска, со поддршка од  Мисијата на ОБСЕ во Скопје

vodic za mladiОваа публикација има за цел да ја поттикне јавната дебата,  да ја зголеми информираноста на младите луѓе за политичките и граѓанските слободи и права,  да ги охрабри постојано и во секоја пригода да ги практикуваат, како и да бараат почитување на нивните загарантирани слободи и права. Иако корпусот на овие граѓанските и политичките права е широк овој Водич се фокусира на:  Концептот на граѓанските и политичките права, Слободата на изразување,  Слободата на здружување, политичко организирање и дејствување, Правото на јавен собир и јавно изразување протест и Граѓански иницијативи, претставки и предлози.

Подготовка: НВО Инфоцентар

 

Коментарите се затворени.

Scroll to top