Дебата на НВО Инфоцентарот за слободата на изразување
На дебатата „Која е цената на слободата на изразување во Македонија?“, организирана од НВО Инфоцентарот, Уранија Пировска, од Хелсиншкиот комитет за човекови права, меѓу другото, истакна дека заради окупацијата на медиумскиот простор и заради партизираните институции, во Македонија нема основни услови да се почитуваат и да се заштитат човековите права и слободи, како и дека власта и владејачките партии, преку институциите, не ги третираат соодветно нападите врз новинарите и активистите, па на тој начин покажуваат дека немаат волја да ја почитуваат слободата на изразување на граѓаните.
Дискусијата на Уранија Пировска, може да ја погледнете во видео материјалот објавен на порталот А1он : http://a1on.mk/wordpress/archives/484050
извор: А1он