Фејсбук статус на Слободан Унковски за присуството на полицијата и нејзината демонстрација на сила во близина на студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“:
„Состојба од пред еден и пол час: додека траат тензиите кај Кузман, пред просториите на СПУКМ, околу изборите на ново раководство, МВР се појави на терен со една чета специјалци, неколку џипови и борна кола со митролез на врвот.
Откако поминаа пред Кузман, за да бидат видени, се паркираа пред стариот МНТ, денес попознат како Комедија, на 100 тина метри од настанот.
БОРНА КОЛА ЗА ИЗБОР НА СТУДЕНТСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ!
Резултати од изборите: на чија страна е борната кола, тој е претседател. Зошто да се лажира броењето на гласовите кога и онака ги нема?“