31012013152122_mk_vest_logo

Нов удар за слободата на изразување: „Вест“ во немилост на власта

на дек 20, 15 • од

Во апелот до претставниците на меѓународната заедница во врска со последните случувања во весникот се предупредува дека среде преговорите за слобода на медиумите според Договорот од Пржино, дневниот весник „Вест“ се соочува со политички обид за негово затворање...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » Нов удар за слободата на изразување: „Вест“ во немилост на власта

Скопје, 20 декември, 2015 (META)

Уредничкиот колегиум на Редакција на дневниот весник „Вест“ упати апел до претставниците на меѓународната заедница во врска со последните случувања во весникот, а врзани со непродолжувањето на договорот на главниот и одговорен уредник, Горан Михајловски.

Во апелот се предупредува дека среде преговорите за слобода на медиумите според Договорот од Пржино, Редакцијата се соочува со политички обид да се затвори „Вест“.

„Се сомневаме дека тајмингот за политичкото преземање на „Вест“ е намерно темпиран за време на престојните празници, за да се избегне вниманието на јавноста и особено на претставниците на меѓународната заедница во Македонија. Колегиумот на „Вест“ на чело со Михајловски стравува дека смената е отворен обид од Владата да го скрши „Вест“ како уште еден силен глас што успеа да даде приоритет на јавниот интерес пред партискиот и владиниот интерес и да промовира граѓански активизам. Досега, Колегиумот на „Вест“ истрпе политички притисок преку менаџментот на МПМ за многу објавени и необјавени теми и вести, а имаше и цензурирана насловна страна. Стравуваме дека смената на Михајловски како главен уредник неминовно ќе значи и смена на уредничкиот Колегиум и ќе ја укине уредувачката политика водена од високите стандарди на балансирано новинарство и заштита на јавниот интерес“, се вели во апелот.

Горан Михајловски, главен и одговорен уредник на „Вест“ вели дека ги разбира стравувањата на неговите колеги затоа што изминатите години доживувале силни политички притисоци па нормално е да се плашат за сопствената иднина.

– Ги разбирам стравувањата на колегиумот дека мојата смена ќе се искористи за замолчување на „Вест“, оти и моите колеги последниве години беа сведоци на невидени политички притисоци и од власта и од менаџментот, што во една прилика доведе дури и до повлекување на насловна страница на весникот. Некогаш тие притисоци успешно сум ги амортизирал, но најчесто сум ги споделувал и со колегиумот, а понекогаш и со целиот тим на „Вест“. Некои од тие притисоци беа и многу брутални, па нормално е колегите да се плашат и за сопствената иднина. Да, точно е дека мојот мандат завршува, но секој договор може и да се продолжи, особено кога популарноста на „Вест“ се зголемува, тиражот е стабилен, а и читаноста на мојата колумна „Сакам да кажам“ континуирано расте – вели Михајловски.

Линк до оригиналниот текст на агенцијата МЕТА:http://meta.mk/apel-od-vest-do-megunarodnata-zaednitsa-vlasta-saka-da-go-skrshi-vesnikot/

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top