13174119_1158553010864182_2871599262532345935_n

Тренинг за истражувачко новинарство

на мај 9, 16 • од

Во рамки на тригодишниот проект „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), НВО Инфоцентарот и Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН), на 8 и 9 мај 2016, во Скопје, организираа тренинг за истражувачко новинарство...
Pin It

Home » Активности » Тренинг за истражувачко новинарство

Во рамки на тригодишниот проект „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), НВО Инфоцентарот и Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН), на 8 и 9 мај 2016, во Скопје, организираа тренинг за истражувачко новинарство.

Македонските новинари имаа можност одблиску да се запознаат со алатките за истражување на работата на оф-шор компаниите благодарение на искусните новинари – обучувачи од регионот: Стеван Дојчиновиќ, Драгана Пеќо и Јелена Васиќ, сите новинари од Мрежата за истражување криминал и корупција – КРИК, кои со години се занимаваат со откривање на криминалот и корупцијата и повеќекратно се наградувани за својата работа.

Во рамките на тренингот беа опфатени повеќе теми: како функционира организираниот криминал, како работат офшор компаниите, ‪#‎PanamaPapers, како се градат извори и техниките на нивно интервјуирање, како се истражува структурата на компаниите, како се добиваат податоци за компаниите од целиот свет и како се истражува преку социјалните мрежи. Тренингот беше проследен со повеќе работилници во кои учесниците го разменуваа своето искуство и го подобруваа своето знаење за истражувачкиот процес и за On-line истражување.

Ова е прв од дестетте планирани тренинзи во рамките на заложбите за подобрување на вештините и знаењата на македонските новинари за примена на техниките на истражувачкото новинарство во известувањето.

Стеван Дојчиновиќ од порталот „Крик“, за време на својот престој во македонија даде и интервју за телевизија Телма.

 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top