Претставничката на ОБСЕ за Слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, денеска го осуди вчерашниот напад врз новинарот Саше Ивановски во Скопје. „Ова е најновиот во серијата инциденти на насилство и закани насочени кон новинари. Овој растечки тренд на насилство врз припадниците на медиумите мора да се спречи и затоа ги повикувам властите веднаш и целосно да го испитаат бруталниот напад на Ивановски“, напиша Мијатовиќ. Вчеравечер сопственикот на интернет порталот Мактел, Саше Ивановски беше брутално нападнат и претепан од страна на две лица. Се здобил со повреди на главата и грбот, при што била побарана медицинска помош
Види повеќе »© 2024 Архива НВО Инфоцентар™
Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics