svedok

Анализа на Сведок: Судовите и новинарите – јавност зад затворени врати

на јул 14, 16 • од

Оваа анализа има за цел да поттикне поголема иницијативност и реакција од страна на новинарите во случаите кога спротивно на законот, ќе наидат на затворени врати во судските институции...
Pin It

Home » Активности, Слобода за слободата на изразување » Анализа на Сведок: Судовите и новинарите – јавност зад затворени врати

Здружението Сведок подготви документ кој има за цел да ја подигне јавната свест на новинарите и да го потенцира прашањето на јавност на судските постапки. Исто така, оваа анализа има за цел да поттикне поголема иницијативност и реакција од страна на новинарите во случаите кога спротивно на законот, ќе наидат на затворени врати во судските институции.

Постојат бројни случаи кои сведочат за тоа дека судовите ја попречуваат слободата на информирање и слободата на пристап до информации. Свеж е примерот на Претседателката на Уставниот суд, која сама, спротивно на законот, донесе одлука за исклучување на јавноста кога Судот решаваше за Законот за помилување, како и одлука да се забрани снимањето (аудио и видео) на излагањата на Уставните судии.

Исто така, спорни се и одлуките на Кривичниот суд да го ограничи присуството на јавноста со изговор дека новинарите не можат да ги следат судските процеси затоа што нема доволно места во судниците. И непотребното барање на дозволи од Врховниот суд кога новинарите се само известувачи, без сликање и снимање, е јасен сигнал за потребата од итна акција која ќе го спречи незаконското ограничувањето на правото на новинарите да известуваат за теми од јавен интерес. Со ваквата пракса на незаконско ограничување на правото на слобода на информирање и несанкционирање на лицата и институциите кои не ги почитуваат законите сериозно се доведува во прашање слободата на изразување и правото на пренесување и примање информации.

Новинарите треба да се спротивстават на овие обиди за ограничување на слободата на информирање, треба да пишуваат за овие теми, но и да бидат едуцирани за тоа како можат да постапат во ситуации кога незаконски се спречени во извршувањето на својата професија.

Aнализа: Судовите и новинарите – јавност зад затворени врати

Анализата е подоготвена како дел од проектот „Застапување за слобода на изразување“ на НВО Инфоцентарот и Центарот за развој на медиуми, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top