Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје ја објави студијата „Слободата на изразување и здружување во хибриден режим: Случајот на Македонија 2015“, како дел од проектот „Анализа на политики и закони кои влијаат на слободата на изразување“, поддржан од УСАИД и ФООМ.
Студијата ги анализира законите и политиките кои ја ограничуваат слободата на изразување и здружување, а главниот фокус се однесува на областите: образование, медиуми, синдикалното здружување и штрајк, како и на економските слободи и нивните ефекти врз малите и средни претпријатија. Во рамки на овој документ се направени и студии на случаи кои даваат длабински приказ на спроведувањето на регулативите и ефектите од имплементацијата.