Споре информациите од официјалната фејсбук страна на Шарената револуција, студентската блокада заврши.
Членовите на Студентскиот пленум издејствуваа присуство на четири нивни претставници, како и присуство на медиуми на седницата на Сенатот на УКИМ, на која треба да се изврши избор на нов ректор на скопскиот универзитет.
Студентите денеска (27 јуни) го блокираа влезот на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и бараа да се одложи изборот на нов ректор затоа што, во изборот учествуваат нелегитимни претставници на Студентски пленум со изминат мандат.
Тие бараа верификациската комисија да не им ги верификува мандатите на претставниците на СПУКМ, бидејќи на тој начин ќе се изврши груб фалсификат при избор на нов ректор на УКИМ.
Фото: Плусинфо