„Ја известувзме јавноста дека вчера во вечерните часови пред седиштето на СПУКИМ при носењето на гласачките кутии, имаше обид за инцидент со ладно оружје. Непознато лице извади нож и тргна кон од едно од лицата кои се наоѓаа во просторијата пред влезот на СПУКМ.
Активистите на Студентскиот Пленум веднаш го отстранија лицето што го направи инцидентот. Во моментот на инцидентот студентите не успеаа да најдат полициски службеници за да ги информираат за настатиот инцидент.
Во подоцнежните контакти со полициските службеници, на активистите на студентскиот пленум им беше кажано дека тие не се надлежни за било што во вррска со настаните пред СПУКИМ.
Студентски пленум ги охрабрува колегите кои беа присутни и го познаваат ова лице, настанот да го пријават на надлежните органи. Студентски пленум апелира повеќе да нема вакви инциденти.
Студентски Пленум ги осудува сите физички напади од која било страна
Студентскиот пленум бара на вечерашниот протест сите присутни да ги почитуваат правилата за ненасилен протест и доколку забележат какви било инциденти тоа веднаш да го пријават до редарската служба на Студентскиот Пленум или до полициските службеници“, се вели во соопштението на Студентскиот пленум