12391779_1704595686437380_2751251014381992514_n

Студентите спречени да го следат изборот на ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

на јун 15, 16 • од

Според студентите, во Ректорската управа на Универзитетот, седи Претседателот на СПУКМ, кој има истечен мандат уште од 2014 год. Со ова УКИМ дозволува нелегитимни членови да гласаат за раководно лице на најстариот универзитет во Македонија...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » Студентите спречени да го следат изборот на ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

Студентскиот пленум на својата Фејсбук страна, денеска (15 јуни 2016), објави дејка студентите не биле пуштени да влезат на седницата на Ректорската управа на која се гласа за избор на двајца кандидати за ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје. Според пленумците, Статутот на УКИМ јасно предвидува јавност на седниците (чл. 151).

Едновремено, тие истакнуваат дека во Ректорската управа на Универзитетот, седи Претседателот на СПУКМ, кој има истечен мандат уште од 2014 год. Со ова УКИМ дозволува нелегитимни членови да гласаат за раководно лице на најстариот универзитет во Македонија.

Нелегитимноста на студентските претставници кои треба да гласаат за избор на нов ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, го доведува во прашање целиот изборен процес, сметаат претставниците на повеќе студентски и младински организации, обединети во иницијатива на студенти. Тие упатија писмо за средба со Ректорот на УКИМ, за да ги образложат проблемите кои ги нотирале при отпочнување на постапката за избор на нов Ректор на најстариот и најголемиот универзитет во земјава.

„Во изминатиот период повеќе студентски организации утврдија противправност на студентските претставници во Ректорската управа и Универзитетскиот сенат. Мандатот на Претседателот на СПУКМ, кој е член на Ректорска управа, е истечен веќе втора година, а избори за Претседател на СПУКМ последен пат се распишани 2012 година. Претседателството на парламентот не одржува седници и нема никакви информации дали воопшто Собранието на СПУКМ се собира и носи одлуки. Дополнително загрижува измената на студентски делегати во Сенатот која не е јавно обзнанета, а извршена од студентските парламенти со истечен мандат. Токму оваа нелегитимност на студентски претставници во овие тела го оневозможува изборот на Ректор на Универзитет Св. Кирил и Методиј, и предизвикува дебатливост за целокупниот процес,“ стои во писмото на здружената студентска иницијатива.

Писмото го потпишаа: Асоцијација на европски студентски структури Скопје (АЕГЕЕ Скопје), Европско здружение на студенти по право (ЕЛСА), Здружение Студентска организација „Излез“, Истражувачко друштво на студенти биолози (ИДСБ), Македонско друштво на студенти физичари (МДСФ), Млади европски федералисти (JEF), Младински образовен форум (МОФ), Младите Можат, Прво македонско здружение на студенти по психологија на Република Македонија ПСИХЕСКО, Студентски парламент на факултетот за драмски уметности (СПФДУ) и Студентски Пленум.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top