unnamed (8)

МЕДИУМСКО ОГЛЕДАЛО, јануари 2007: Според медиумите – Владата има слаба евроинтеграциска политика!

на фев 26, 07 • од

Поголемиот дел од медиумите во Македонија не се задоволни од начинот на кој Владата ја практикува власта и констатираат дека таа води исклучително слаба политика во сферата на евроинтеграциите...
Pin It

Home » Мониторинг на Медиуми » МЕДИУМСКО ОГЛЕДАЛО, јануари 2007: Според медиумите – Владата има слаба евроинтеграциска политика!

Поголемиот дел од медиумите во Македонија не се задоволни од начинот на кој Владата ја практикува власта и констатираат дека таа води исклучително слаба политика во сферата на евроинтеграциите.

Повеќето медиуми без двоумење слабата евроинтеграциска политика ја персонализираат, т.е. сметаат дека произлегува од незадоволителното работење на вицепремиерката Габриела Коневска – Трајковска. Вицепремиерката Коневска – Трајковска, сметаат медиумите, се обидува да гирелати­ви­зи­ра датумите и да го интерпретира работењето на претходната влада како алиби за евентуалното нереализирање на реформите. Всушност, преку таквите обиди, медиумите истакнуваат дека Владата бара маневарски простор кој би го искористила за релативизирање на одговорноста за евентуалните неуспеси.

Медимите констатираат и дека: „Владата симулира демократско владеење и божемен економски успех со помош на платена пропаганда во медиумите“,како и дека: „Мнозинството го манипулира политичкиот систем преку фиктивната примена на Бадентеровиот принцип“.

Според медиумите неуспехот на Премиерот да постигне општ консензус за приоритетните национални и државни цели – и понатаму останува основната слабост во политичкиот капацитет на власта да оствари прогрес за државата. А, начинот на кој Владата ја организираше и ја експонираше кампањата „Инвестирајте во Македонија, новиот бизнис рај во Европа“, во медиумите отвори простор за повеќе прашања и критики отколку за пофалби и подобрување на нејзиниот рејтинг.

Ова се само дел од констатациите на најновиот извештај на „Медиумското огледало“, квалитативниот мониторинг на медиумите, на НВО Инфоцентарот, кој се однесува на јануари 2007 година.

Во набљудувањето се вклучени 12 медиуми: „Шпиц“, „Вечер“, „Време“,„Дневник“, „Утрински весник“, „Факти“, ТВ „А1“, ТВ „Канал 5“, „МТВ 1“, „МТВ 2“ (вести на албански јазик), ТВ „Сител“ и ТВ „Телма“.

МЕДИУМСКО ОГЛЕДАЛО, јануари 2007 – PDF (375KB)

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top