236685

Специјализантите на протест си ги бараат правата

на фев 10, 16 • од

Лекарите специјализанти и идни специјализанти, на 10 февруари 2016, излегоа на мирен протест пред Министерството за здравство...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » Специјализантите на протест си ги бараат правата

Лекарите специјализанти и идни специјализанти, на 10 февруари 2016, излегоа на мирен протест пред Министерството за здравство.

- „Излегуваме за да го кренеме гласот и јасно да кажаме не за видеоснимање и емитување во живо на интернет на сите наши испити, не – за работа без скршен денар плата и без здравствено и пензиско осигурување, не – за лихварски договор на лојалност и меници до 60 000 евра, не – за 24-часовни дежурства кои не се платени, не – за дискриминација по основа на болест и мајчинство/породилно, не – за дискриминација, обесправеност и јавно понижување и деградирање на докторите специјализанти“, се вели во соопштението на специјализантите.

На 27 јануари 2016 година во Собранието на РМ, објаснуваат тие, беше изгласано уште едно дополнување на Законот за здравствена заштита, без ниту едно исполнето барање од Петицијата потпишaна од 350 лекари специјализанти и идни специјализанти.

- „Министерот за здравство повторно остана глув за нашите барања. Просториите за видеоснимање на испитите и емитување во живо на интернет се веќе спремни во пресрет на претстојната испитна сесија, а специјализантите повторно останаа без плата, со лихварски договори и дискриминирачки и деградирачки услови за специјализирање“, порачуваат специјализантите.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top