image-from-rawpixel-id-1063940-original

Состојбите со корупцијата во РСМ, ноември 2020 – јануари 2021

на фев 17, 21 • од

Извештајот претставува преглед на активностите и на работата на Вицепремиерот Николовски во првите 100 дена од неговиот мандат, како и заложбите и активностите на Владата на Република Северна Македонија за спречување на корупција и судир на интерес во периодот 20.11.2020 до 24.1.2021 година...
Pin It

Home » Активности, Анализи » Состојбите со корупцијата во РСМ, ноември 2020 – јануари 2021

Во рамките на проектот “Граѓанските институции и медиуми против корупцијата – Коалиција за нулта толеранција”, поддржан од Европската унија, се изработи мониторинг извештај за состојбите со корупцијата во Република Северна Македонија. Извештајот претставува преглед на активностите и на работата на Вицепремиерот Николовски во првите 100 дена од неговиот мандат, како и заложбите и активностите на Владата на Република Северна Македонија за спречување на корупција и судир на интерес во периодот 20.11.2020 до 24.1.2021 година.

Она што може да се заклучи од анализа на работата на Вицепремиерот Николовски во првите 100 дена од неговиот мандат е дека тие воглавном поминаа во подготовка на конкретни активности за наредниот период. Преземени се многу малку конкретни активности кои резултирале со конкретни резултати, а според она што може да се заклучи од јавните настапи на Вицепремиерот Николовски, до сега, тој нема преземено ниту една постапка за испитување на можна појава на криминал и корупција кај претставниците на Владата и другите именувани и избрани функционери. Единствена опиплив документ е новиот Кодекс за етичко однесување на именуваните функционери, со кој, освен министрите и замениците министри, се опфатени сите функционери именувани од Владата. Исто така формирана е и работна група чиј прв приоритет е да се ревидираат дискреционите овластувања на именуваните функционери. Она што фрла сенка на формирањето на оваа група секако е начинот на кој таа беше формирана.

Имено, Вицепремиерот Николовски ги искористи своите дискрециони овластувања да ја формира групата, без при тоа да се објави јавен оглас во кој би се навеле критериумите и квалификациите на членовите на таа работна група и преку кој би се избрале оние кои ги исполнуваат наведените критериуми и квалификации. Сето ова наиде на негативна реакција, како од јавноста, така и од Државната комисијата за спречување на корупцијата.

Со цел да може да се оцени реалната посветеност на Владата за борба со корупцијата и криминалот, треба и во иднина да се следи работата на Заменик на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот и да се види дали и кога тој ќе преземе конкретни активности против конкретни функционери и дали тие постапки ќе имаат правна и политичка разрешница.

Прочитајте го интегралниот текст на Извештајот за состојбите со корупцијата во РСМ, ноември 2020 – јануари 2021

Извештајот е подготвен со финансиска поддршка од Европската Унија. За содржината се единствено одговорни Транспарентност Македонија и НВО Инфоцентарот, и тој не мора да ги одразува гледиштата на Европската Унија.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top