logo_mk

Соопштение на Народниот правобранител за протестите на средошколците

на апр 9, 15 • од

Народниот правобранител, препорачува доследно почитување на принципот на најдобриот интерес на детето, правото на слободно мислење и слободно изразување за сите прашања кои се однесуваат на детето, правото на учество/партиципација и практикување на дијалог, со што нема да се остави простор за каква било манипулација на децата и младите, како и посветување на потребното внимание за нивните ставови, согласно законите и меѓународните документи ратификувани од страна на Република Македонија...
Pin It

Home » Слобода за слободата на изразување » Соопштение на Народниот правобранител за протестите на средошколците

Народниот правобранител, следејќи ја состојбата во образованието, протестите на средношколците во врска со новините во полагањето на Државната матура и екстерното тестирање, како и постапувајќи по претставка од ученици- средношколци и родители на ученици, до министерот за образование и наука достави Информација со предлог за преземање мерки.

Според Народниот правобранител, за квалитетни и издржани промени во која било сфера, а особено во сферата на образованието потребна е сеопфатна анализа на состојбите. Промените не треба да се донесуваат на брз начин, без консултирање на пошироката јавност, напротив, транспарентно, преку јавна дебата, вклучувајќи ги сите инволвирани страни меѓу кои и младите, со цел планирање на целосни и сеопфатни новини, взамено прифатливи, од кои ќе имаат придобивки сите подеднакво, учениците, наставниците и општеството во целина.

Во ниту еден случај не смее да се заборави дека учениците се директно засегнати од реформите во воспитно-образованиот процес, кој влијае на нивниот развој и изградба на нивната личност. Од друга страна, воведувањето на реформи во образованието и начините на нивна реализација без консултирање, комуникација и дијалог со младите вклучени во образовниот процес, придонесува истите да се чувствуваат непотребни и неважни, иако овие промени се однесуваат на самите ученици и тие ги чувствуваат последиците од истите.

Поради тоа, Народниот правобранител препорачува надлежното министерство сериозно да им посвети внимание на забелешките и ставовите на средношколската младина, да ги почитува како субјекти, и во разговор со нив да ги слушне нивните размислувања по однос на реформите во образованието, затоа што само по пат на комуникација и дијалог со сите, и со младината може да се очекуваат конструктивни и издржани промени, со кои  ќе се постигне квалитетно образование.

Народниот правобранител, препорачува доследно почитување на принципот на најдобриот интерес на детето, правото на слободно мислење и слободно изразување за сите прашања кои се однесуваат на детето, правото на учество/партиципација и практикување на дијалог, со што нема да се остави простор за каква било манипулација на децата и младите, како и посветување на потребното внимание за нивните ставови, согласно законите и меѓународните документи ратификувани од страна на Република Македонија. 

Одделение за односи со јавност
НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

07.04.2015

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top