objava2-768x587

Солидарност за инцидентот на Скопскиот маратон: Кој е овде хулиган?

на мај 8, 16 • од

Прашуваме: Дали се работи за случајни силеџии, дали се обезбедување на маратонот, дали се тоа припадници на политичка структура или пак, можеби се службеници на „редот и мирот“ во цивилна облека...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » Солидарност за инцидентот на Скопскиот маратон: Кој е овде хулиган?

„Денес, на 8 мај 2016, наши активисти присуствуваа на Скопскиот маратон и носеа политички ангажиран транспарент за охрабрување и бодрење на маратонците и маратонките. Транспарентот на нашите активисти со содржина „Трчај како да ја носиш веста дека Грујо е во затвор!“ го привлече вниманието на присутните и се рашири на социјалните мрежи“, напиша движењето Солидарност на својата интернет страница.

„Но очигледно пораката погоди и нечиј нерв. Набргу по истакнувањето на транспарентот нашите активисти беа насилно турнати на страна од непознати лица. Транспарентот беше одземен и искинат, а нашиот активист кој го носеше транспарентот беше физички нападнат. 

За среќа, инцидентот е документиран и прикажуваме како тој се одвиваше. Нападот е пријавен и во полиција.

Повикуваме сите оние кои имаат каква било информација за идентитетот на напаѓачите да ја споделат со нас.

Прашуваме: Дали се работи за случајни силеџии, дали се обезбедување на маратонот, дали се тоа припадници на политичка структура или пак, можеби се службеници на „редот и мирот“ во цивилна облека?

Од неофицијални информации дознаваме дека неуниформираните лица се дел од обезбедувањето во Град Скопје. Тоа го поткрепува и фактот што беа повикани од лице со ознаки од обезбедувањето на Градот. Лицата одбиваа да се легитимираат и покрај барањата од нашите активисти“, констатира Солидарност.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top