web-baner-treta-dimenzija-05-06

Социјално загрозените тешко стигаат до правда

на окт 2, 14 • од

Овластените здруженија за бесплатна правна помош, од февруари до крајот на септември 2014 година, обезбедиле правна помош за 671 социјално загрозени граѓани со правни проблеми, соопштија претставниците од проектот Пристап до правда во Македонија. Правната помош вклучувала обезбедување правни информации и правни совети за граѓаните...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » Социјално загрозените тешко стигаат до правда

Овластените здруженија за бесплатна правна помош, од февруари до крајот на септември 2014 година, обезбедиле правна помош за 671 социјално загрозени граѓани со правни проблеми, соопштија претставниците од проектот Пристап до правда во Македонија. Правната помош вклучувала обезбедување правни информации и правни совети за граѓаните. Од нив, иако сите на работ на сиромаштијата, само 86 лица ги исполниле високо поставените законски услови за остварување на правото да побараат од државата одобрување на адвокат, кој ќе го плати државата согласно Законот за бесплатна правна помош.

Проблемот на кој овластените здруженија укажуваат подолго време, е тоа што од овие вкупно 86 поднесени барања за ангажирање адвокат од страна на државата, само 19 лица навреме успеале во тоа. Па така, од 671 социјално загрозени граѓани кои имале правен проблем само 3%, односно 19 граѓани, го оствариле правото на еднаков пристап до институциите на системот и ефективна правна помош, согласно начелото за еднаков пристап до правда.

Поради должината на постапката и истекот на роковите со кои се врзани барателите на бесплатната правна помош во решавањето на нивните правни проблеми, 10 граѓани морале да се откажат од поднесените барања или пак морале да ја напуштат државата заради депортација како нелегални мигранти.

Организациите вклучени во Проектот апелираат до Министерството за правда да ги има предвид заложбите на Владата превидени во Програмата за работа во 2014 година за поефикасна, сеопфатна, навремена и институционално координирана правна заштита, и итно да започне консултативен процес за менување на системот за бесплатна правна помош во Македонија.

Проектот „Пристап до правда во Македонија“ се реализира со финансиска помош од ЕУ, а во него се вклучени Фондацијата Отворено општество – Македонија, и овластените здруженија за обезбедување бесплатна правна помош: Македонско здружение на млади правници – Скопје, Национален ромски центар – Куманово, Младински културен центар – Битола, ЕХО – Штип, Избор – Струмица и 8-ми Септември – Скопје. Повеќе детали за работата на овластените здруженија можете да добиете на www.pristapdopravda.mk .

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top