13418651_10153655438382196_2061184588601658349_o

Слободата на изразување – демократија наспроти автократија

на јул 8, 16 • од

На дебататите во Крива Паланка, Прилеп, Тетово, Струмица, Велес и Струга, учествуваа над двеста граѓани и активисти и на нив се дискутираше за актуелните прашања и предизвици поврзани со слободата на изразување и слободата на здружување во Република Македонија...
Pin It

Home » Активности, Слобода за слободата на изразување » Слободата на изразување – демократија наспроти автократија

За да ја поттикне и да ја засили јавната дебата за нужноста од почитување, практикување и заштита на слободата на изразување и слободата на здружување како основни човекови права загарантирани со меѓународни конвенции и документи, како и со Уставот на Република Македонија, НВО Инфоцентарот, во партнерство со Центарот за развој на медиуми, а во соработка со Хелсиншкиот комитет за човекови права,во текот на јуни и јули 2016 година, организираше серија дебати низ државата насловени како: „Слободата на изразување – демократија наспроти автократија“

На дебататите во Крива Паланка, Прилеп, Тетово, Струмица, Велес и Струга, учествуваа над двеста граѓани и активисти и на нив се дискутираше за актуелните прашања и предизвици поврзани со слободата на изразување и слободата на здружување во Република Македонија.

Серијалот дебати се реализираше во рамките на проектот „Застапување за слобода на изразување“, на НВО Инфоцентар, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top