Тријазичната публикација, на македонски, албански и англиски јазик, е компилација од анализи и извештаи изработени и публикувани во рамките на проектот „Слобода за слободата на изразување“.
Публикацијата ги содржи анализата „Слободата на изразување и здружување во медиумите“ која го опфаќа известувањето на медиумите за темите поврзани со слободата на изразување и слободата на здружување, во периодот 15јануари – 25 декември 2015 година и 15 јануари – 30 јуни 2016 година; документот „Слободата на изразување наспроти навредата и клеветата“ кој претставува пресек на судските случаи за навреда и клевета, со посебен фокус на нивното влијание врз слободата на изразување и слободата на медиумите, на судските случаи кои се однесуваат на новинари и политичари од власта и секако, на присуството на овие случаи во медиумите, како и документот „Политичарите и судските случаи за навреда и клевета“направен врз основа на податоците добиени од Основниот суд Скопје 2 Скопје преку пристапот до информации од јавен карактер, врз пресудите на дел од завршените предмети, како и врз основа на директниот мониторинг од страна на Цантарот за развој на медиуми на дел од случаите во кои како странки се јавуваат политичари.
Публикацијата е овозможена со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Содржината на публикацијата е одговорност на авторите и на НВО Инфоцентарот и не ги изразува ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави.
Слобода за слободата на изразување
издавач: НВО Инфоцентар
ISBN 978-608-4594-15-4
COBISS.MK-ID 101744138