sarena-revolucija

Шарената револуција се шири низ Македонија и секојдневно му пркоси на режимот

на мај 10, 16 • од

Десетици илјади граѓани, секојдневно, во Скопје, Битола, Штип, Прилеп, Куманово, Гостивар, Кавадарци,Тетово, Крива Паланка, Велес, Струмица, Кичево, Гевгелија, Виница, Радовиш, Делчево, Кочани и други градови, речиси еден месец излегуваат на улица и масовно и се приклучуваат на Шарената револуција во борбата против режимот на Никола Груевски. Шарената револуција добива поддршка и од дијаспората во САД. Канада, [&hellip...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » Шарената револуција се шири низ Македонија и секојдневно му пркоси на режимот

Десетици илјади граѓани, секојдневно, во Скопје, Битола, Штип, Прилеп, Куманово, Гостивар, Кавадарци,Тетово, Крива Паланка, Велес, Струмица, Кичево, Гевгелија, Виница, Радовиш, Делчево, Кочани и други градови, речиси еден месец излегуваат на улица и масовно и се приклучуваат на Шарената револуција во борбата против режимот на Никола Груевски. Шарената револуција добива поддршка и од дијаспората во САД. Канада, земјите на Европската унија.

Барањата на граѓаните се јасни и недвосмислени:

- Итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО);

- Итна и неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија;

- Произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО;

- Формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО;

- Итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни;

- Задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата;

- Формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top