Сервисот за проверка на факти, на 2 февруари 2016 година, објави напис посветен на начинот на финансирање на Македонската радиотелевизија, насловен како „Поделени мислења за начинот на финансирање на МРТВ“.
Во написот меѓу другото се вели:
„…Не сите упатени во оваа проблематика се согласуваат со идејата МРТВ да се финансира од буџетот на Република Македонија. Билјана Бејкова од НВО Инфоцентар смета дека буџетот на Република Македонија не треба да биде извор на дополнително финасирање на Македонската радиотелевизија.
„Од тој аспект, законската можност за финансирање на МРТ со буџетски средства треба или да се избрише или, пак, да се фиксира на точно определена сума. Доколку се прифати првото решение, висината на радиодифузната такса треба да се коригира за да се дополни приходот. Доколку се прифати второто решение, Законот треба да се прошири со одредби кои не само што ќе ја фиксираат сумата или методологијата, туку и нема да остават простор за какви било преговори со владата на годишно ниво за степенот на буџетски дотации“, вели Бејкова. За неа второто решение, односно буџетското финансирање на МРТ, останува проблематично од аспект на тоа дека де факто претставува недозволена државна помош според европските стандарди. Затоа, вели Бејкова, ваква евентуална интервенција во законот би претставувала привремено и парцијално решение…“
Целиот текст може да го прочитате на страната на Сервисот за проверка на факти.