moe telo moj izbor

СДСМ, ГРОМ и ПЕП 21 со поддршка на сексуалното и репродуктивното здравје

на апр 25, 14 • од

Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – Х.Е.Р.А. се заблагодарува на поддршката на 3-те политички партии, но и за уверувањето дека ќе се заложат за спроведување на овие интервенции - клучни за унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје и родовата еднаквост преку нивното политичко дејствување како потенцијални членови на Собранието или доколку ја формираат идната Влада на Република Македонија...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » СДСМ, ГРОМ и ПЕП 21 со поддршка на сексуалното и репродуктивното здравје

Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – Х.Е.Р.А. во текот на кампањата за предвремените парламентарни избори побара од сите 14 политички партии и коалиции, подносители во листите на изборните единици, да одговорат на кои од следниве прашања од интерес за унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје и родовата еднаквост би дале поддршка преку преземање конкретни заложби и интервенции:

1. Воведување на модерна контрацепција на позитивната листа на лекови и бесплатна контрацепција за младите и лицата кои се социјално исклучени.

2. Гаранција дека индивидуалното право на жената слободно да одлучува за абортус нема да претрпи понатамошни ограничувања во законот за прекинување на бременоста

3. Обезбедување на информации за заштита на сексуалното и репродуктивното здравје во наставата на основните и средните училишта

4. Финансирање на невладините организации од државниот буџет за активности за превенција од ХИВ меѓу маргинализирани групи по завршување на проектот на Глобалниот Фонд за ХИВ/СИДА во 2016 година

Писмени одговори беа доставени од 3 политички партии, СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија, ГРОМ – Граѓанска опција за Македонија и ПЕП 21 – Партија за економски промени кои изразија заложба и поддршка за овие иницијативи истовремено потенцирајќи дека тие се во согласност со нивните политички ставови и програмски цели.

Х.Е.Р.А се заблагодарува на поддршката на 3-те политички партии, но и за уверувањето дека ќе се заложат за спроведување на овие интервенции – клучни за унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје и родовата еднаквост преку нивното политичко дејствување како потенцијални членови на Собранието или доколку ја формираат идната Влада на Република Македонија.

За информација, во 2011 година Владата на Македонија ја усвои првата Национална стратегија за сексуално и репродуктивно здравје за период од 2010 – 2020 во која се афирмираат наведените 4 интервенции како дел од државните активности за унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје. Дополнително, Република Македонија е и потписник на Резолуцијата на Обединетите Нации за Милениумските Развојни Цели кои посебно го истакнуваат репродуктивното и сексуалното здравје и положбата и здравјето на жените и девојките како посебни области на глобалното делување.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top