zdravko-saveski

Савески и Куновски веќе четири дена го чекаат решението за да излезат од притвор

на јун 14, 16 • од

Здравко Савески и Владимир Куновски не смеат да излегуваат од дома и покрај тоа што во петокот, судот им го укина притворот...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » Савески и Куновски веќе четири дена го чекаат решението за да излезат од притвор

Здравко Савески и Владимир Куновски не смеат да излегуваат од дома и покрај тоа што во петокот, судот им го укина куќниот притвор.

„Четири дена по укинувањето на притворот на Владо и Здравко, уште не можат да излезат од дома, зашто решението не им е доставено“, напиша утрово на својот Фејсбук профил, Бранимир Јовановиќ од „Левица“.

По барање на бранителите, судот им го укина домашниот притвор на демонстрантите Савески и Куновски. Судот најави дека ќе преземе други мерки со кои ќе го обезбеди нивното присутство на судењата и им ги одезеде пасошите.

Здравко Савески и Владимир Куновски, 45 дена беа во куќен притвор. Тие се обвинети за демолирање на канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов. Јовановиќ, во истиот пост на Фејсбук, потсетува дека прогонот врз протестирачите не е запрен бидејќи вчера уште едно лице во Битола добило кривична пријава за фрлање боjа.

Аболициите можеби беа повлечени од страна на Хорхе, напиша Јовановиќ, ама се шпекулира дека пратеници од ВМРО ќе го оспорат ова пред Уставен суд. Тој тврди дека на утрешната седница не е предвидено да се дискутира за уставноста на СЈО и потсетува дека ризикот за укинување на СЈО останува: „Другарки другари, да не се лажеме – ниту едно барање не е исполнето на задоволителен начин. Затоа не смееме да се опуштаме. Мораме да ги засилиме притисоците!“, напиша Јовановиќ.

 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top