javni nabavki

Резултати од мониторингот на јавните набавки во Македонија

на сеп 18, 14 • од

Центарот за граѓански комуникации ги објавува резултатите од мониторингот на постапките за јавни набавки во Македонија, кој го опфаќа периодот од април до јуни 2014 година...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » Резултати од мониторингот на јавните набавки во Македонија

Центарот за граѓански комуникации ги објавува резултатите од мониторингот на постапките за јавни набавки во Македонија, кој го опфаќа периодот од април до јуни 2014 година. Некои од клучните наоди се:

  • Сопрен е неколкугодишниот пад на бројот на жалбите доставени од фирмите до Државната комисија за жалби по јавни набавки (ДКЖЈН). Во првото полугодие од 2014 година се доставени 330 жалби што претставува зголемување за 13,4%  во однос на истиот период лани. Воедно, за првпат по неколку години, во донесените решенија на ДКЖЈН доминираат одлуки за прифаќање на жалбите.
  • Голем дел од фирмите кои учествуваат на тендерите не успеваат со своите понуди да стигнат до фазата на евалуација. Притоа, причини за отфрлањето на нивните понуди се административни пропусти, како и неисполнување на поставените услови во тендерската документација.
  • Новите законски решенија кои стапија на сила од јануари 2014 година ги дадоа очекуваните резултати во однос на намалување на преговарањата без претходно објавување на оглас, но сè уште се неефикасни во однос на намалување на поништувањата. Во вториот квартал од 2014 година со преговарање се склучени договори во вредност од 10,5 милиони евра, а поништени се 22,4% од огласените тендери.
  • Конкуренцијата на тендерите и натаму не е на задоволително ниво. Електронска аукција беше одржана во 47% од постапките во мониторираниот примерок.

Извештајот од мониторингот може да се преземе овде.

Извор: Центар за граѓански комуникации

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top